
За да бидете сигурни дека нема да згрешите, раководете се според:
Тенот, најдобро им прилега на оние со светол и розеникав. Што не значи дека другите не смеат да се исфарбаат, важно е да ја погодат правата нијанса. Проблем може да претставуваат веѓите, ако двојат.
Колку имате самодоверба во себе да излезете во јавност со нова боја а, цревната боја особено е ретка и приметлива, затоа немојте да бидете зачудена кога сите ќе гледаат во вас.
Имате здрава коса, бидејќи доколку претходно редовно сте се фарбале освен што ќе ја направите косата пепел, можно е и црвената боја да не ви фати.
Откако веќе сте ја исфарбале пред вас е предизвикот да ја одржите. Освен нели стандардните правила за користење на соодветен шампон, регенератор за фарбана коса и силиконски капки, внимавајте и на следново:
- Црвената боја најбрзо паѓа, затоа гледајте да не ја миете секој ден.
- Спред некои тврдења шампоните против првут го забрзуваат паѓањето на црвената боја.
- Доколку подолго време се изложувате на сонце, носете капа или шарпа, бидејќи црвената боја многу лесно оксидира за разлика од другите бои.
- За почеток не претрувајте со екстремните нијанси на црвено. Подобро е да започнете со малку потемна за да се навикнете себеси и околината.
3 совети за шминкање:
- Избегнувајте темни сенки ,црни или сиви, туш или моливче. Не го практикувајте smoky изгледот, така премногу ќе ги истакнете очите а, во комбинација со црвената коса ќе делувате пренападно.
- Розевото руменило и кармин одлично ќе ви прилегаат.
- Колку и да двојат, веѓите не ги фарбајте, воопшто не изгледаат убаво. Контрастот со шминката многу лесно ќе го намалите.
.gif)






















.gif)























