
Гледате збунето во рафтовите со шампони, едни ви велат тој е добар, други велат дека за ништо не го бидува...и сега како вие да знаете кој е добриот избор? При одбирањето на шампонот треба да се водите според неколку показатели:
ТИП НА КОСА...вашата коса е сува, мрсна, нормална.
ШТО САКАТЕ ДА ПОСТИГНЕТЕ...волумен, да ги дефинирате кадриците, да ја исправите косата.
ДАЛИ КОСАТА Е ПРИРОДНА...доколку имате екстензии или практикувате да ја фарбате, тогаш пожелно е да користите специјални шампони за таа намена.
Скап v.s евтин шампон!
Дали навистина цената е одраз на квалитетот? Одговорот е и ДА и НЕ. Евтините шампони се на база на сода и може да ја исушат косата, тоа е добро за оние со мрсна коса но, не и за веќе оштетеното влакно од сонцето или фарбите. Најдобар показател е тестот. Што значи морате да пробате да користите некој шампон, без оглед на цената, само така ќе дојдете до соодветниот за вашата коса.
Се е до вистинските состојки...
Не се залажувајте по пакувањето или по познатото име на шампонот. Неговиот квалитет зависи од состојките, токму на нив треба да пазите. Земете неколку различни шапони и направете споредба на состојките. Нормално дека оној што содржи поголем процент на некоја природна состојка е подобар избор.
ПРИМЕР: Шампонот што содржи sodium laureth sulphate, е полесен за разлика од оној во кој има ammonium lauryl sulphate.
.gif)






















.gif)























