centar_za_ubavinaMир и убавина на едно место
„Афордита-С" додава уште еден дел во мозаикот за убавина...
frizerka_i_ja_mie_kosataИмајте фризура што ќе го привлече
Природниот изглед многу повеќе ги пали. Еве неколку предлози за нежни фризури.
Kate-Middleton-Wallpaper-001-1600x1200Стилот на Kate Middleton
Стилот на Kate Middleton е класичен , а нејзиниот избор најчесто се сведува на елегантни фустани со должина до колената.
medДомашни рецепти за побрзо растење на косата
Неколку трикa за забрзување на растот на косата што дополнително ќе ја освежат и ќе ѝ дадат сјај.

Традиционална нега на коса

combing_wett_hair

Чешлањето на косата додека е водена предизвикува кршење на влакното

Со оглед на тоа што денес постојат навистина многу производи за нега на косата, некогашниот принцип на миење со шампон и вода се смени. Миењето на косата стана доста сложена процедура.

СОВРЕМЕНА НЕГА ЗА КОСА:

  • Нанесување специјален шампон соодветен за типот на коса.
  • Нанесување регенератор.
  • Нанесување серум на врвовите.
  • Прскање на косата со спреј за сјај.
  • Нанесување серум за подигнување на косата од коренот.
  • Еднаш во неделата нанесување на маска.
  • Обликување на фризурата со лак или гел.
  • Еднаш месечно нанесување ампула за коса.
  • Пена за виткање на косата.

Ова отприлика се производите со кои денес располагаме. Дали можеби се премногу за косата? Дали тие се причината што денес многу девојки имаат проблем со опаѓање на косата? Едно е сигурно - косите станаа нежни и кршливи, ретко која девојка располага со квалитетна коса.

Но тоа не е случај со девојките од муслиманска вероисповед, тие се уште можат да се пофалат со своите долги и квалитетни коси. Можеби имаат некоја тајна што не ја откриваат, но сепак традиционалната нега и производите на природна база се нивното најголемо оружје.

ЧИСТЕЊЕ НА ЧЕТКИТЕ ЗА КОСА
Четките и чешелите најдобро ќе ги исчистите ако претходно ги натопите во вода во која сте ставиле малку амоњак. Оставете ги да стојат во растворот неколку минути, а потоа исплакнете ги со вода.

ТРАДИЦИОНАЛНА НЕГА ЗА КОСА - СОВЕТИ:

Традиционалната нега на косата подразбира миење на косата со шампон, два пати во неделата, и редовно чешлање. Маските, што се исклучиво на природна база, се користат само кога ќе се појави проблем.

Најмногу внимание се обрнува на водата што ја користите за плакнење на косата.

  • Ако водата со која ја миете косата е тврда, а и сами знаете дека е, во последната вода за миење ставете една лажичка боракс.
  • Последното плакнење на косата правете го со млака вода. Колку е поладна водата толку косата ќе биде посјајна. Внимавајте само на едно, да не настинете.
  • Првутот на косата се отстранува со миење со вода во која сте додале малку оцет. Истото можете да го сторите и со рицинусово масло.
  • Косата пред миење секогаш чешлајте ја за да не ви се плетка.
  • Косата плакнете ја се додека водата не стане бистра.
  • Никогаш не сушете ја косата со фен.
  • Четките за коса редовно чистете ги од влакна, а повремено чистете ги со алкохол.

ТРЕТМАН НА КОСАТА СО РИЦИНУС
Масирајте го коренот на влакното и кожата на главата со маслото од рицинус. Исчеткајте ја косата и врзете ја во кок, оставете ја така да стои цела ноќ. Следниот ден косата измијте ја со млака дестилирана вода. при последното плакнење додајте во водата малку готварска сол. Рициново масло можете да најдете во секоја аптека, чини околу 50-60 денари.



 
Unique-avgust
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Брзањето нема да ве одведе никаде денес, ако сте среќни! Ако не сте може да завршите многу поназад отколку вчера, а тоа не можете да си го доволите.

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Вашиот живот цвета како рана пролет и ќе се пронајдете себе си разговарајќи со странец во некоја интересна насока. Проверете дали луѓето се подготвени да стојат до вас!

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Имате навистина тешка листа со задачи која ви стои пред лице. Добрата вест е што ја имате потребната ментална енергија за го средите тоа. Пронајдете нов начин да ги следите работите.

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес силно посветете се на малите детали. Нешто не е сосема во ред, но ако вистински обрнете внимание ќе сфатите што се случува.

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Добро време е да се посветите на себе и да ја смирите социјалната енергија. Размислете одново за вашите планови и за минатото. Затворете ја вратата и најдете некое тивко место.

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес ќе достигнете сериозно кул достигнување, можеби нема ни да сфатите дека целите натаму. Истапете и направете вистинска разлика во вашиот живот.

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Ваш пријател се обидува да ве натера да ги гледате работите малку поинаку, a вашиот ум е доволно отворен да ја прифати неговата понуда. Тоа не значи дека треба целосно да се премислите!

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Обидете се поново да ја воспоставите изгубената врска, без разлика дали е професионална, пријателска или љубовна. Верувајте повторно ќе ви бидат потребни луѓето на кои некогаш целосно се потпиравте.

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Побарајте било што денес, на крај ќе излезе по ваше. Некое време ќе мора да чекорите без тоа што го сакате, но на крајот ќе го извлечете максимумот од ситуацијата.

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Дистанцата не е пречка за вашиот комуникациски стил денес, можете практично да читате умови и покрај километрите раздалеченост. Истражете ги опциите и посегнете по оние кои треба да ви ја чујат пораката.

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Не сте сосема сигурни што се случува со вашите луѓе, сите како да глумат и да ве лажат во очи. Добрата вест е што фазава нема да трае долго и работите ќе се вратат во нормала.

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашата најблиска врска ви го прави животот забавен денес и тоа значи дека дефинитивно сте на вистинското место да побарате услуги или помош. Време е за социјализирање!

10-02-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)