figura14 фустани според вашата фигура
Премногу слаби, премногу полнички, ниски или имате широка половина? Еве решение!
postara_zena_se_smeskaТрикови за подмладување
Што треба да направите за да изгледате 5 години помладо?
sovetisvet16 комбинации за свечени пригоди - 1 дел
Донесете го празничниот дух со фустан во боја на емералд како овој!
nadvor_slika1_bikiniНајдобро бикини за вашата фигура
Откријте кое бикини најмногу одговара на формата на вашето тело.

Дилеми поврзани со косата?

hair_care_with_sez

Редовното потстрижување е најдобриот рецепт за квалитетна коса

И покрај тоа што имате квалитетна коса со која можете да се пофалите и да делите совети за нејзиното негување, сепак секоја од вас се уште има некоја дилема. Дали навистина косата цвета ако се чешла додека е водена или дали сјајот на косата зависи од редовното чешлање? Многу прашања, а исто толку спротивставени ставови.

ПОСТАВЕТЕ НИ ПРАШАЊЕ!
Доколку имате некаква дилема за вашиот изглед, здравје и љубовен живот...слободно пишете ни на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

ПРАШАЊЕ ОД СНЕЖЕ:

Колку и да се трудам да ги исправам, шишките секогаш ми се заоблени како „тулумба"! Каде грешам?

ОДГОВОР:

Доколку сакате шишките да бидат прави, заборавете на големите и густи четки, тие се за фенирање и постигнување волумен. Протресете ги шишките со прсти додека се водени. Земете еден прамен, истегнете го и држете го со прстите. Со другата рака фатете го фенот и дувајте го праменот од коренот кон врвовите. Повторете ја постапката прамен по прамен. Шишките ќе се исправат подобро отколку со пегла за коса.

ПРАШАЊЕ ОД МАРИЈА:

Никогаш не сум имала проблем со врвовите, но во последно време прамените до лицето почнаа да стануваат суви, се осветлија и врвовите почнаа да пукаат.

ОДГОВОР: постојат две објаснувања за ваквиот проблем, или често ја бојосувате косата или секој ден ја пеглате. Време е да почнете да користите серум за врвови, а секогаш можете проблемот да го решите на природна база. Во регенераторот, што вообичаено го користите, истурете малку маслиново масло. Оставете го да дејствува на косата минимум 5 минути.

ПРАШАЊЕ ОД ВИКИ:

Како може да ја спасиме косата кога ќе не фати дожд, а немаме време да ја премиеме?

ОДГОВОР: денес дождовите се премногу нечисти, а со тоа станаа штетни за косата. Наместо да ја преправате цела фризура, со хартиена крпа (и салфета ако имате) соберете ги капките дожд од темето. Почекајте потполно да се исуши, во коренот ставете малку пудра за тело и исчешлајте се. Финиширајте со спреј за сјај.

ПРАШАЊЕ ОД МИЛЕНА:

Косата никогаш не ми била поубава. Сјајот и се врати, а расцветени врвови скоро и да немам. Најголем виновник за тоа се витамините што почнав да ги пијам, но дали тоа значи дека ќе почнам да се дебелеам?

ОДГОВОР: идеалната рамнотежа на витамини и минерали ќе резултира со здрава коса, сјајна кожа и цврсти нокти. Многу девојки забележуваат намалена кршливост на ноктите и зајакнување на косата откако почнале да пијат витамини, особено калциум и цинк. Подобрувањето на косата и на општата состојба на организмот не значи дека вие ќе почнете да јадете неконтролирано.

ПРАШАЊЕ ОД СТЕФАНИЈА:

Зошто едната страна од косата, без разлика дали е права или виткана, секогаш изгледа подобро од другата?

ОДГОВОР: за ова прашање не е потребен стручен одговор. Се зависи од техниката и способноста која ја поседувате за средување на косата. Девојките што имаат пракса да се пеглаат или да се виткаат знаат како да ги постават рацете за да го средат или да не го уништат праменот.

ПРАШАЊЕ ОД КРИСТИНА:

Некои велат дека доволно е само еднаш да се измие косата со шампонот во текот на капењето, други велат спротивно. Како да знаеме што е правилно?

ОДГОВОР: доколку косата е навистина нечиста, тогаш ќе мора два пати да се измие со шампон. Првиот пат нанесете повеќе од шампонот, тој нема ниту да се пени, а вториот пат доволно е само една капка. На второто миење во неделата сосема доволно е еднаш да нанесете, во спротивно ќе ја исушите косата и коренот. Сепак и шампонот е хемикалија на која треба да гледате со резерва.



 
Unique-avgust
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Брзањето нема да ве одведе никаде денес, ако сте среќни! Ако не сте може да завршите многу поназад отколку вчера, а тоа не можете да си го доволите.

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Вашиот живот цвета како рана пролет и ќе се пронајдете себе си разговарајќи со странец во некоја интересна насока. Проверете дали луѓето се подготвени да стојат до вас!

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Имате навистина тешка листа со задачи која ви стои пред лице. Добрата вест е што ја имате потребната ментална енергија за го средите тоа. Пронајдете нов начин да ги следите работите.

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес силно посветете се на малите детали. Нешто не е сосема во ред, но ако вистински обрнете внимание ќе сфатите што се случува.

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Добро време е да се посветите на себе и да ја смирите социјалната енергија. Размислете одново за вашите планови и за минатото. Затворете ја вратата и најдете некое тивко место.

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес ќе достигнете сериозно кул достигнување, можеби нема ни да сфатите дека целите натаму. Истапете и направете вистинска разлика во вашиот живот.

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Ваш пријател се обидува да ве натера да ги гледате работите малку поинаку, a вашиот ум е доволно отворен да ја прифати неговата понуда. Тоа не значи дека треба целосно да се премислите!

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Обидете се поново да ја воспоставите изгубената врска, без разлика дали е професионална, пријателска или љубовна. Верувајте повторно ќе ви бидат потребни луѓето на кои некогаш целосно се потпиравте.

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Побарајте било што денес, на крај ќе излезе по ваше. Некое време ќе мора да чекорите без тоа што го сакате, но на крајот ќе го извлечете максимумот од ситуацијата.

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Дистанцата не е пречка за вашиот комуникациски стил денес, можете практично да читате умови и покрај километрите раздалеченост. Истражете ги опциите и посегнете по оние кои треба да ви ја чујат пораката.

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Не сте сосема сигурни што се случува со вашите луѓе, сите како да глумат и да ве лажат во очи. Добрата вест е што фазава нема да трае долго и работите ќе се вратат во нормала.

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашата најблиска врска ви го прави животот забавен денес и тоа значи дека дефинитивно сте на вистинското место да побарате услуги или помош. Време е за социјализирање!

10-02-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)