Добро е тоа што навистина модата поднесува и таков изглед. Фризерите буквално мака мачат за да го постигнат оној несреден или messy look што често го практикуваат девојките. Истуткана во ластичето, прекршена и разлетана...стил што долго време е на модната сцена благодарение на Gisele Bundchen.
Но светските стилисти се во мисија да го вратат женствениот изглед од минатото, што подразбирал фризура под конец, чисти и испеглани алишта со раб и здолништа бидејќи денес жените не излегуваат од фармерки.
Пробајте и вие еднаш во месецот да бидете женствена. Облечете фустан, нежно нашминкајте се и соберете ја косата како филмските диви. Првиот пат ќе ви биде чудно и можеби ќе се преоблечете пред излегување, но зошто да чекате некоја посебна свеченост за да изгледате гламурозно.
Периодов многу се зборува за 67-то доделување на наградите Golden Globe. Манифестацијата им отвори работа и на модните критичари и фризери за да посочат на модните грешки и погодоци. Ако зборуваме за фризурите тогаш еве што доби зелено светло:



























































