zalivce_ubavoМорската вода ја храни кожата
Дали знаевте дека морската вода е здрава за вашата кожа?
bleskava_kozaШто е потребно да јадете за блескава кожа?
Дерматолозите со помош на нутриционистите ви нудат листа со производи што прават чуда на кожата.
Rocco-Barocco-------5.560----.-Чанти за секакви пригоди
Каков избор на чанти ви нуди Unique овој пат?
green_eСовети за шминкање на зелените очи
Зелените очи се како камелеон, бараат посебен мејк ап преку ден и навечер.

Дилеми поврзани со косата–2

hair_dilemas

Шампоните на природна база се поскапи, но исплатливи до последното денарче

Ја продолжуваме мисијата од пред некој ден, а тоа е да дојдеме до одговорите што ќе ги решат проблемите со вашата коса. Понекогаш и едноставниот совет што ќе ви го каже вашата баба може да излезе корисен за вашата коса. Едно е сигурно, нивните трикови ниту едно време не може да ги избрише.

Сепак решивме работите да не ги оставаме на случајноста. Собравме доволно информации за да можете да се потпрете на нас. Овој пат нашето внимание го добија оние што всушност и го побараа:

ПРАШАЊЕ ОД АНЕТА СТАНКОВСКА:

Имам долга коса, редовно ја потстрижувам и користам соодветни препарати бидејќи често ја пеглам, но во последно време почнаа да ми се појавуваат задебелени груби влакна и тоа од коренот до врвовите. На кој начин можам да се справам со овие влакна бидејќи на допир се многу груби и не изгледаат убаво, а почнаа се повеќе и повеќе да се појавуваат.

ОДГОВОР: ваквите специфични влакна се среќаваат и во најздравата коса, работата е тоа што навистина се непријатни на допир. Причината за нивното зачестено појавување се секако хормоните, но и премногу агресивната козметика. Разбирливо е дека не сакате да ги оставите врвовите без серум, особено после пеглањето, но и на косата и треба одмор од сите тие козметички препарати. Тврдата вода е уште една причина за огрубување на влакното, пробајте да ја плакнете косата со превриена вода ако не можете да си го дозволите луксузот да ја плакнете со дестилирана.

ПРОБАЈТЕ СО:
Кокосово масло - го има во поголемите парфимерии, тоа го омекнува и измазнува влакното и скалпот.
Во Авон имате евтино врело кокосово масло што ќе ви послужи за 2 третмани.

ПРАШАЊЕ ОД НАТАЛИ СТЕФАНОВСКА И ПЕПИЦА КАРАДАКОВА:

Не знам зошто, но во последно време многу ми се мрси косата. Секој ден морам да ја мијам бидејќи кога ќе станам од спиење косата ми е мрсна. Пробав многу шампони, но ништо не помага. Ве молам помогнете ми!

ОДГОВОР: кога готовите производи не се во состојба да ви помогнат, тогаш време е да тропнете на вратата на природата. Имате две опции, да пробате да направите лек во вашата кујна, или да купите поскап шапон на природна база што за среќа денес лесно се наоѓа.

Прва опција: измешајте една супена лажица алое вера гел со едно кафено лажиче цеден лимон. Ваквиот состав ставете го во шампонот и нормално употребувајте го. Масирањето на скалпот има ефект како пилингот на лицето. Ќе се ослободите од слојот мртви клетки и вишокот мрснотии. Измешајте една лажичка пивски квасец во чаша вода и додајте многу малку сол. Ставете две супени лажици на скалпот и нежно масирајте со прстите. Оставете смесата да делува барем еден час. Масажата практикувајте ја два пати неделно.

Втора опција: готови шампони на 100% природна база.

ПРОБАЈТЕ СО:
Шампон за масна коса од жолта роза и лимон - Dr. Hauschka (го има во аптеките)
Шампон од лаванда за секојдневна употреба креиран за коса што лесно се мрси под надворешно влијание - L'Occtane (Ramstore, приземје)
Шампонот I love Juicy - Lush (во сите трговски центри)

ПРАШАЊЕ ОД МАРТИНА НЕДЕЛКОВСКА: имам долга коса, порано ми беше бујна меѓутоа со текот на времето почна да ми опаѓа. Ми рекоа дека би можело да е од регенераторот (користам Gliis регенератор од Schwarzkoph за сјајна коса). Би сакала да ми препорачате маска или регенератор на природна база што ќе ми помогне да ја вратам бујната коса што ја имав.

ОДГОВОР: постојат неколку козметички фирми што нудат палета на исклучиво природни производи. Таму ќе најдете 100 % природни масла, шампони и маски за секаков тип на коса, а особено за решавање на проблемот со опаѓање на косата.

ПРОБАЈТЕ СО:
Dr. Hauschka - ги има во сите аптеки, вие побарајте го Лосионот за коса од неем - виталност и зацврстување на влакното со помош на лековитото дејство на реткото индиско растение неем.
L'Occtane - Ramstore приземје, побарајте го шампонот и регенераторот за згуснување.
Lush - сигурно ви звучи познато, нивните продавници ги има во секој трговски, побарајте го шампонот во цврста состојба за згуснување на косата познат како New Hair.

Освен козметиката обрнете внимание и на исхраната, хранете се здраво, особено зголемете го железото.



 
Unique-avgust
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Брзањето нема да ве одведе никаде денес, ако сте среќни! Ако не сте може да завршите многу поназад отколку вчера, а тоа не можете да си го доволите.

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Вашиот живот цвета како рана пролет и ќе се пронајдете себе си разговарајќи со странец во некоја интересна насока. Проверете дали луѓето се подготвени да стојат до вас!

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Имате навистина тешка листа со задачи која ви стои пред лице. Добрата вест е што ја имате потребната ментална енергија за го средите тоа. Пронајдете нов начин да ги следите работите.

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес силно посветете се на малите детали. Нешто не е сосема во ред, но ако вистински обрнете внимание ќе сфатите што се случува.

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Добро време е да се посветите на себе и да ја смирите социјалната енергија. Размислете одново за вашите планови и за минатото. Затворете ја вратата и најдете некое тивко место.

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес ќе достигнете сериозно кул достигнување, можеби нема ни да сфатите дека целите натаму. Истапете и направете вистинска разлика во вашиот живот.

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Ваш пријател се обидува да ве натера да ги гледате работите малку поинаку, a вашиот ум е доволно отворен да ја прифати неговата понуда. Тоа не значи дека треба целосно да се премислите!

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Обидете се поново да ја воспоставите изгубената врска, без разлика дали е професионална, пријателска или љубовна. Верувајте повторно ќе ви бидат потребни луѓето на кои некогаш целосно се потпиравте.

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Побарајте било што денес, на крај ќе излезе по ваше. Некое време ќе мора да чекорите без тоа што го сакате, но на крајот ќе го извлечете максимумот од ситуацијата.

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Дистанцата не е пречка за вашиот комуникациски стил денес, можете практично да читате умови и покрај километрите раздалеченост. Истражете ги опциите и посегнете по оние кои треба да ви ја чујат пораката.

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Не сте сосема сигурни што се случува со вашите луѓе, сите како да глумат и да ве лажат во очи. Добрата вест е што фазава нема да трае долго и работите ќе се вратат во нормала.

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашата најблиска врска ви го прави животот забавен денес и тоа значи дека дефинитивно сте на вистинското место да побарате услуги или помош. Време е за социјализирање!

10-02-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)