
Одамна е познато дека луѓето користат различни методи од природата за подобрување на квалитетот и сјајот на косата. И вашите баби и мајки користеле коприва, чај од камилица и бреза. Денес лесно можете да најдете шампон или регенератор со било каква тревка, овошје или растение.
Овде ќе зборуваме како може кафето да го искористите како природна состојка за подобрување на сјајот на косата. Ефектот не може да го постигнете со еден третман, бидете спремни дека морате да го повторувате.
Постапка во 6 чекори:
1. Сварете едно лонче кафе, било какво, црно или она од кое се прави еспресо.
2. Оставете го да се олади или сосема ладно или млако, во никој случај жешко.
3. Убаво измијте ја косата со шампон.
4. Оставете косата да се исуши.
5. Нанесете го кафето и оставете да делува 20 минути.
6. Исплакнете ја косата со топла вода.
Совети:
Некои експерти сметаат дека подобро е да не го плакнете кафето од косата, за подобар резултат.
Количината на кафето зависи од должината и густината на косата, генерално потребни се 8 шолји кафе.
Третманот со кафе најповолен се покажал кај бринетите и црвенокосите.
Не користете инстант кафе, бидејќи содржи адитиви кои може да го оштетат влакното.
Практикувајте кафето да го ставите во голем сад или вангла за да може повеќе пати да ја потопувате косата.
Предупредување:
Внимавајте кафето да не е жешко, скалпот на главата е многу понежен од важите раце.
Не ја користете методата ако имате многу светла или фарбана коса, бидејќи може да влијае на бојата и да остави траги и флеки.
Кафето може да остави дамки на пешкирите и крпите.
.gif)






















.gif)























