
Најголемите штети се случуваат токму за тие 10 дена на одмор. Освен на влакното, силните сончеви зраци влијаат и на бојата.
Бојасаната коса, освен што станува посветла, често добива сосема поинаква боја. Еве неколку функционални совети токму за овој период.
Хидратација пред пливање.
Не е точно тврдењето дека хлорот од водата ја уништува и ја менува бојата на бојасаната коса. Знаете оние портокалови прамени што се појавуваат после неколку миења. Состојка која може да има ваков ефект е синот камен присутен во водата од базените. Затоа се препорачува на косата да ставите регенератор (оној што не се плакне), за да се оневозможи продирање на синиот камен во кутикулите на влакното. Или ако можете да поднесете, нуркајте со капа. Мала заштита постигнувате и ако косата ја натопите со обична вода пред да влезете во базенот.
Хидратација за на сонце.
Правилото е исто и кога се изложувате на сонце. Сонцето дефинитивно ја осветлува бојата, а покрај тоа и ја суши. Ако се бојосувате со светли тонови, дефинитивно користете маска додека сте на плажа. А, ако сте црна, пред одмор ставете една до две потемни нијанси. Никогаш не бојосувајте се ден пред одмор. Штетно е хидрогенот веднаш да се изложи на зрачење.
Збогатете ги козметичките препарати.
Препаратите што ги користите за обликување и одржување на косата како: гелови, маски, спреови за сјај, регенератори, лак за коса, силиконски капки... гледајте да имаат ознака SPF за заштита од УВ-зрачење. Освен здрава, ќе имате сјајна коса со интензивна боја. Можете и млекото за сончање, но никако масло, да го растворите со вода. Истурете го во шише со прскалка и направете штит на косата.
Сокријте ги врвовите.
На сите ви е јасно дека врвовите се најчувствителниот и најкршлив дел од косата. Сонцето прво нив ги напаѓа. Почнуваат да се сушат, пукаат и се двојат. По подолго време добиваат црвеникав сјај. Затоа редовно нанесувајте им силиконски капки и кријте ги од сонцето. Ставете ги под капа или замотајте ги во пунџа.
Поправете ги штетите.
Ако веќе сте добиле избледени и пеплосани прамени, а не сакате да се шетате со нив, купете колор-шампон. Ќе имате за неколку ставања. Сосема ќе ја уништите косата ако ја пребојасате цела. Летото не завршено, а не смеете да си дозволите да се фарбате секоја недела. Доколку веќе решите да го сторите тоа, најдобро е да извадите прамени и така подолго време нема да имате проблем.






































