21modaiubavina

Фризури од модната недела во Њујорк

Имате недостаток од инспирација, а пролета  во никој случај не сакате да ја почнете со старата фризура. Тогаш сте на вистинското место. Направивме галерија од најинтересните фризури што можеа да се видат на модната недела во Њујорк. Погледнете ги и искористете ги паметно...со тоа мислиме дека не треба да ги прифатите по секоја цена, доволно е да ви дадат идеја за тоа што е ин за оваа сезона.

Badgley Mischka

1_slikaaaaaaaaaaaa

На ревијата на Badgley Mischka во Њујорк, моделите вклучувајќи ја и Tanya Dziehileva, имаа високо кренати коси. Страничните прамени се цврсто затегнати, додека задниот дел од косата е замотан неодредено или во кок. Одлична фризура што ќе ја истекне убавината на секој дел од лицето.

Marc Jacobs

2_slika_za_kosara

Косите на девојките на Marc Jacobs, беа несредени. Моделите изгледаа како штотуку да станале од кревет. Станува збор за таканаречениот Lazy look, што освен со карактеристичните фризури се одликува и со развлечени маици и широки фармерки.

Vera Wang

3_slika

Додека повеќето одеа на футуризам, стилистите за ревијата на Vera Wang, се вратија назад во времето или поточно во 60-тите. Моделите имаа волуменозни коси собрани во кок и патец на средина.

Rodarte

4_slika_mi_se_

Овде имаме строго права коса, прицврстена до вратот со патец на страна. Шишките се прибрани, а дозволен е и додаток како на пример, цвет или голема шнола.

Michael Kors

5_slika

Златните девојки на ревијата на Michael Kors, ја носеа косата собрана во разиграно, ниско опавче. Совршена, а едноставна фризура за на лето во комбинација со бронзен руж. Обрнете внимание на волуменот на предниот дел.

Tibi

6_slika

Кадриците не беа нешто многу застапени на модната недела во Њујорк. Исклучок беше ревијата на Tibi, каде што моделите имаа волуменозни коси со ситни кадрици. Со ваква коса ќе изгледате навистина свежо и младо.

threeASFOUR

7_slika

Како што можете да забележите пресираната коса ќе биде актуелна и во 2010. Косите на моделите изгледаа како да се ставени под тостер, но сепак изгледаа необично и симпатично.

Nanette Lepore

8_slika

Сјајни, богати со волумен и благо извиткани коси, со прекршени шишки, моделите изгледаа како актерките од стариот Холивуд. Драматичниот изглед беше дополнително истакнат преку усните, на долната усна дречеше карминот со вишна боја, додека на горната весело розов.

Tommy Hilfiger

91_slika

Многу е важно да успеете да ја искористите должината на косата во смисла таа да ја краси вашата појава. Дајте и го третманот што го заслужува и пуштете ја слободно да дише истакнувајќи ја со благи кадрици. Патецот нека биде на страна, а шишките соберете ги со симпатична шнола.

Oscar de la Renta

9_slika

Ваквата фризура милуваме да ја кажеме старинска бидејќи навистина ќе ви додаде година плус. Но таа е крајно елегантна и софистицирана што добро ќе ви дојде за свечените моменти или коктел забавите кога сакате да оставите сериозен впечаток.

(0)

КОМЕНТАР

намали | зголеми

Коментирај на овие и слични теми на notformen форумот за девојки

busy

Слични текстови
Претходни текстови од категоријата

 
Банер
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
Facebook Fanbox 1.5.x.0
Forum-naslovna-najava-mala_03
b
Неделен хороскоп (26.07-01.08)
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Nick Zano

News image

Jeremy Renner

News image

Simone Sestito

News image

Hugh Dancy

News image

Chris Pratt

News image

Rudolf Martin

News image

David Cook

News image

Hayden Christensen

News image

Chris Klein

News image

Joshua Jackson

News image

Matthew William Goode

News image

Ryan Kwanten

Колку редовно имате секс?
 

3600