
Кај нас честа е појавата на опаѓање на косата кај мажите, но во последно време се повеќе жени се соочуваат со овој проблем.
Со промената на годишното време и хормоните, може да се случи косата да ви паѓа повеќе од вообичаеното. Тука нема потреба од паника бидејќи секоја коса се митари, затоа подоцна е посјајна и здрава. Но, доколку паѓањето трае повеќе од 3 недели и со поголем интензитет, тогаш имате проблем.
Причини за опаѓање на косата:
Кај повеќе од 20 % од луѓето, ваквиот проблем е од наследна природа. Доколку го имате тоа наследено нема што многу да сторите, освен да го забавите опаѓањето.
Друга причина може да биде и вашата психичка состојба. Во стресни ситуации не е чудно ако косата почне да паѓа. Во овој случај треба да поработите на себе, да се смирите и релаксирате. Ви препорачуваме да посетите часови по јога, медитација, фитнес и слично.
Доколку го имате загубено апетитот, не внесувате минерали и витамини, крвта почнува да слабее. Први знаци ,покрај вртоглавици, се и кршливост на ноктите и опаѓање на косата. Морате да ја збогатите исхраната со витамин Ц, биотин (џигер и квасец), белковини (ананас и моркови), а најмногу цинк (интегрални производи).
Цинкот помага во ширењето на колагенот со што се подобрува структурата на влакното. Антиоксидансите како рибизли, цреши, боровинки и зелен чај, ја зголемуваат хидратацијата. Аминокиселините од млечните производи ја градат протеинската структура на влакното.
Уште една причина за ваквиот проблем е умствената работа. Иако ретко ,сепак после голем интелектуален напор косата може да почне да паѓа, особено ако секојдневно сте изложени на мозочна работа. Тука нема потреба од грижа, се што ви треба е добар одмор и сон.
Жените кои редовно се фарбаат и користат останати хемиски препарати, со текот на времето косата им станува ретка. Фарбите и хидрогените освен што го горат и сушат влакното, влијаат на скалпот на главата и се причинител за уништување на колагенот кој го храни влакното.
Совети:
Користете благи шампони за миење на косата, од билки. Чајот од камилица и коприва многу ќе ви помогне. Значи сварете чај од камилица или коприва (прво од листовите после од коренот) процедете го откако ќе постои 10 минути, и исплакнете ја косата. Можете да изматите и две белки, нанесете ги на влажна коса и по неколку минути исплакнете.
Коренот е најдобро да го триете со масло од лаванда или орев помешано со една лажица глицерин. Многу помага и маслото од рицинус, го нанесувате само на коренот при секое миење на косата. Уште поубаво би било доколку оставите да делува додека спиете.
За тие што се фарбаат, мора да внимавате да користите фарби кои не содржат амонијак, а ако се соочувате со големо опаѓање подобро е да престанете со бојадисување.
.gif)






















.gif)























