ГРЧКА БОЖИЦА

Освен на модните писти, ваквиот тренд се пресели и на црвениот тепих. Oscar de la Renta навистина успеа да ги разнежни девојките собирајќи ги нивните коси во венец од плетенка. Со ваква фризура несомнено ќе блеснете на гламурозните настани, како вашата матура или свадба.
ЛАЖЕН БОБ

И долгата коса може да стане кратка за неколку секунди. Извиткајте ја косата со виклери и нежно подвиткајте ги кадриците под тилот. Разбранете ги шишките и оставете слободно да паднат на лицето. Црвен кармин, црно моливче и ќе изгледате како од модна писта.
СОВРШЕН НЕРЕД

Собраната, навидум, несредена коса е голем тренд за оваа сезона. Добрата вест е тоа што ваквата фризура лесно се прави и дома. На ревиите на Chanel и Lanvin за пролет 2010, моделите изгледаа совршено благодарени на „несредените" фризури.
БАЛЕРИНА КОК

За едноставен и елегантен стил, Lanvin препорачува кок како оној на балерините. Волуменозен и стегнат на темето на главата.
ИЗВРТЕНО ОПАВЧЕ

На круната на главата, врзете коњско опавче. Следете го примерот на Marc Jacobs и Nina Ricci и извртете го по ваш вкус.
РЕТРО КАДРИЦИ

Ако се плашите да експериментирате, тогаш држете се до кадриците од 40-тите. Ваквата фризура одговара на секоја боја на коса, а најдобро изгледа на долга или онаа со средна должина.
ЗАЛИЖАН ВРВ

Долниот дел од косата оставете го слободно да паѓа, додека предните прамени исчешлајте ги назад и подигнете ги. Ваквиот тренд е интересен ако добро го изведете. Може да им послужи и на девојките со актуелните бричени фризури.
ДОДАТОЦИ ОД КОСА

Louis Vuitton и Lady Gaga се одговорни за ваквиот тренд. Големите панделки и венчиња се одлични, а башка ќе ви заштедат време. Но, додатоците направени од коса се апсолутен хит.
ПЛЕТЕНКА НА СТРАНА

На ревиите на Alexander Wang и Miu Miu, можеше да се забележат несредени плетенки на страна. За ваквата фризура не вие потребно ниту огледало, а уште помалку чешел. Само тргнете ја косата на страна, сплетете ја во плетенка и имате шик фризура.
ПЛЕТЕНКА - РИБИНА КОСКА

Еден од најуникатните стилови на собрана коса, за оваа сезона, е плетенката во форма на рибина коска. Ова е навистина освежувачки изглед, за кој ќе ви треба асистенција.























Please wait....gif)























