
Шампоните не можат да ја направат косата побујна или да ја задржат нејзината боја.
Со миењето на шампонот од косата, ги миете и состојките кои треба да им пружат нега на влакната. Главна задача на шампонот е да ја мие косата, што тоа и го прави, но кога станува збор за некои попроблематични ситуации, неговото дејство е дискутабилно.
Шампоните не можат да ја направат косата побујна или да ја задржат нејзината боја. Сите корисни состојки на жалост не завршуваат таму каде што треба, а тоа е на клетките на косата и нивните корени. Всушност, молекулите на овие состојки се премногу големи за да можат да навлезат во клетките и фоликулите на косата. Се задржуваат на косата се додека не ги измиеме.
Шампоните ја отстрануваат нечистотијата од косата, но не може никако да помогне за:
1. Тенка и ретка коса без волумен
2. Сува и груба коса
3. Коса без сјај
4. Оштетена коса со расцветени врвови
5. Коса што не ја задржува долго бојата
Исто така и регенераторот не ја негува косата длабински туку само површински. За да не разберете подобро, ќе ви го објасниме истото на следниот начин:
Замислете дека косата е растение кое е дел од вашиот дом. За да расте растението и да има убави цветови, треба да го полевате постојано. Но, сигурна сум дека кога го полевате, не ставате вода на неговите листови туку на неговиот корен. Ист е и случајот со косата, само што ние го пратиме тоа погрешно. Ние ги миеме прамените, а забораваме на коренот на косата.
Вака кога ви кажуваме, излегува дека ниеден шампон не е здрав за нашата коса. Но, тоа не е точно. Единствено нешто што вие можете да го направите за да и помогнете на косата е подлабински да ја миете. Тоа значи подолго да го оставате шампонот на косата и повеќе да го масирате скалпот за да можат хранливите состојки да навлезат во клетките и фоликулите на косата.


















































