
Единствениот регенератор кој со гаранција ќе и одговара на вашата коса се наоѓа во вашата кујна.
Сонцето и жешките летни денови можат многу штетно да влијаат на вашата коса. Подготвени ли сте да потрошите цело богатство на регенератори се додека не пронајдете еден кој ќе и одговара на вашата коса?
Ние ќе ви откриеме една тајна. Единствениот регенератор кој со гаранција ќе и одговара на вашата коса се наоѓа во вашата кујна. Се што треба да направите е да го подготвите.
За да заштедите време и пари, применете ги овие лесни трикови кои ќе ја нахранат исушената коса или ќе ја освежат уморната кожа од сончевите зраци.
Се што вие потребно за овие рецепти се етерични масла и вода.
РЕЦЕПТ БРОЈ 1
Во пола литар вода ставете 5 капки лимонов оцет, 5 капки масло од рузмарин и 5 капки масло од лаванда.
Добро измешајте ја смесата и нанесете ја на чиста мокра коса. Можете смесата да ја нанесувате после секое бањање и без да ја исплакнете, исушете ја.
Покрај тоа што ја храните сувата коса, ја освежувате и сувата уморна кожа на косата.
РЕЦЕПТ БРОЈ 2
Излупете портокал, жолт и зелен лимон. Кората ставете ја во поголем сад и во садот додадете топла вода. Оставете да се олади. Оладената смеса ставете ја во шише со распрскувач.
Миризливата вода содржи витамин Ц кој ја освежува исушената коса.
БОНУС РЕЦЕПТ
Како од домашните препарати да подготвите млеко за сончање?
Се што ви е потребно се 3 децилитри маслиново масло. Во него додајте 10 капки јод, сок од лимон и неколку капки масло од лаванда. Ставете го во шише и пред секоја употреба добро протресувајте го.
Време е да започнете да уживате во летните денови без да се грижите дали косата ќе ви се исуши.


















































