Температурата се повеќе се зголемува. Кренете ја косата нагоре и избегнете го потењето.
Во новиот број на Unique, заедно со девојките од Студио Диенси и моделот Ива Сливјановска ви подготвивме неколку летни фризури кои се совршени за било каква пригода.
Дали сакате да лежите цел ден на плажа и да се сончате или пак да излезете на состанок со некое згодно момче е оставено на ваш избор.
Unique во неколку чекори ви објаснува неколку лесни летни фризури кои можете и сами да ги направите. Оваа фризура е само дел од останатите 5 кои можете да ги најдете на страниците на Unique. За да видите како можете и другите да ги направите, тркнете до најблиската трафика и секогаш имајте средена коса, како штотуку да сте излегле од фризер.




























































