
Честото капење во море и интензивните УВ зраци ги отстрануваат масниот слој и габите од скалпот.
Постојано читате за факти и митови на првутот, но кој од нив се точни? Кои факти се вистинити? Дали сте живееле во заблуда мислејќи дека доколку често ја миете косата, првутот само ќе се зголемува?
Конечно откријте кои факти за првутот се вистинити.
Секојдневното миење на коса го спречува првутот
Габата која го предизвикува создавањето на првутот се храни со липиди и редовното миење на косата го отстранува вишокот масен слој.
Миењето исто така ја отстранува габата, а и самиот првут. Секако нема да го реши проблемот така лесно, ама ќе постигне мали видливи резултати.
Секојдневното миење на косата до негде е добро затоа што така се отстранува вишокот масен слој, нечистотиите и мртвите клетки, кои му спречуваат на коренот да расте.
Меѓутоа, обичните шампони не можат да ви помогнат при отстранување на габата, но затоа специјалните шампони против првут содржат состојки кои долгорочно ќе го контролираат овој проблем.
Морската вода го отстранува првутот
Летувањето може да биде корисно и привремено да го намали првутот. Честото капење во море и интензивните УВ зраци ги отстрануваат масниот слој и габите од скалпот.
Покрај тоа, солената вода е добра за сувата кожа и ја поттикнува природната заштита на кожата.
Миењето коса во растворен аспирин го намалува првутот
Активните состојки од аспиринот се користат во некои медицински шампони кои се наменети за лечење на сериозните кожни проблеми.
Тие исто така се користат за пилинг на сува кожа.
Но, овие состојки нема да го решат проблемот долготрајно. За тоа ви се потребни и останатите состојки содржани во специјалните шампони.
.gif)






















.gif)























