
Зошто да очајувате гледајќи ги рекламите кога сега можете и вие да имате таква коса, без да плаќате многу пари за сите оние скапи препарати?
Имате ретка коса и често ви паѓа? Љубоморна сте на сите оние девојки од рекламите кои имаат прекрасна бујна и сјајна коса?
Зошто да очајувате гледајќи ги рекламите кога сега можете и вие да имате таква коса, без да плаќате многу пари за сите оние скапи препарати?
Како може да направите препарати за коса во домашни услови?
Шампон за зајакнување на косата
Што ви е потребно?
- Шише со шампон,
- 2 лажички сода,
- ½ чаша сок од лимон.
Како да го приготвите?
Додадете ја содата во шампон и измешајте. Нанесете го шампонот на коса и масирајте го скалпот се додека не се направи сапуница. Добро измијте ја косата. За повеќе сјај, косата измијте ја со лимонов сок. Потоа повторно исплакнете ја косата.
Регенератор за коса
Што ви е потребно?
- 1 лажица масло,
- 1 жолчка од јајце,
- капа за туширање.
Како да го приготвите?
Загрејте го маслото, но да не биде премногу врело. Додадете ја жолчката од јајцето и измешајте ја смесата. Потоа нанесете ја на косата. Ставете ја капата за туширање и оставете го регенераторот да делува 20-тина минути, потоа нанесете го шампонот.
Косата на крај секако темелно треба да ја измиете.
.gif)






















.gif)























