
Претераното миење ќе ве доведе само до сува коса без сјај.
Сигурно и за вас косата е шлагот на јаготката, а јаготката е секоја добро средена жена. Но понекогаш косата знае навистина да ни направи проблеми. Како да си помогнеме?
Иако сјајните коси од рекламите на продуктите за коса реално се недостижни за нас (немаме камера за филмски ефект), но еве неколку совети кои ќе ви помогнат вашата коса да изгледа барем пристојно, убаво и негувано.
Краткотрајност на фарбата за коса
Не ја мијте косата повеќе од 3 пати неделно, тоа ја бледнее бојата и косата губи од својата природна влажност. Претераното миење ќе ве доведе само до сува коса без сјај. Исто така обрнете внимание на квалитетот на продуктите за нега на косата кои ги користите.
Распукани врвови
Многу е важно често да посетувате фризер бидејќи распуканите врвови се неминовна појава. Но во меѓу време за да ги сокриете користете производи за распукани врвови.
Мрсен корен
Со претерано миење на косата, ќе го зголемите и нејзиното мрсење. Таа ако се навикне на секојдневно миење, веќе вториот ден по миењето ќе се соочите со хорор. Дури и претераното користење на продукти за нега на косата можат да доведат да истиот резултат. Исто така внимавајте при нанесувањето на маска или регенератор(иако пишува дека е дозволено) да не ставате на коренот.
Без волумен
Чешлајте ја косата со четка наместо со чешел, особено четките со влакненца се понежни и ја прават косата разиграна. И нормално кога ја сушите косата тоа нека биде наведнати надолу.
Сува коса
И вие претеравте со пеглање на косата и таа стана сува и кршлива? Барем по еднаш неделно ставајте квалитетна маска на косата и оставете ја да постои 10-20 минути. Маската ќе и даде на косата свежина, мек и свиленкаст изглед.
.gif)






















.gif)























