sminki-junik_podaruvaUnique ви подарува
Откријте какви подароци Unique има подготвено во овој број специјално за вас.
farmerkiii6 најатрактивни фармерки на сезоната
Топлото време си заминува, време е да ги извадите од плакарот скриените парчиња.
usni_so_karmin_bMake up совети за усни
Доволно е да ја погледнете Angelina Jolie и да ви се роди комплекс за изгледот на усните.
termalna_vodaТермална вода
Водата е есенцијална за организмот, а термалната вода е есенцијална за кожата!

Оваа пролет високо или ниско опавче?


repce2

Oпавчето на страна преку вашето рамо ви дава понежен, поженствен и помалку спортски изглед.

Топлото време самото ни го наметнува трендот за оваа пролет. Ако имате долга коса ќе имате на располагање многубројни комбинации за да изгледате средено за кратко време. Опавчето може да биде доволно елегантно за на црвениот тепих, но и доволно спортско за вежбање пилтес. Кој е вашиот избор? Високо или ниско врзано опавче? Со интересно ластиче или шнола во вид на машна за кусо време можете да добиете убава фризура.

Високо опавче

Има 2 начина како да го направите:

Првиот, кој можеби и вие самите одамна го применувате, е ставање на косата која паѓа од опавчето на страна преку вашето рамо. Косата преку рамото ви дава понежен, поженствен и помалку спортски изглед на опавче за елегантни пригоди. Цврстината со која ќе ја приберете косата нагоре и ќе го стегнете опавчето ќе им даде специфичен благо накосен изглед на вашите очи, што ќе изгледа навистина слатко.

Вториот начин е високо врзано опавче од кое косата паѓа одзади на грбот. Изгледа поспортски од првото и колку е подолга косата толку е поефектно. Ова може да се надополни со прибирање на шишките, благо подигнати и зацврстени со шнола. Топлото време се наближува, па ова е одличен избор за пролетна фризура.

Ниско опавче

И ниското опавче можете да го оставите да паѓа одзади или пак на страна.

Ниското опавче на страна е одличен трик да ги прекриете своите уши доколку не сакате да ви се гледаат. Ако ставите долги обетки кои ќе наѕираат од под косата ќе добиете елегантен и нежен изглед. Опавчето врзете го лабаво. Косата може да ви биде на краевите виткана или права, а на вас останува и изборот да бидете со или без шишки. Оваа фризура може да ја користите за елегантни, но и за секојдневни пригоди. Таа е вистински тренд за оваа сезона.

Вториот начин кога ниското опавче е пуштено слободно одзади е многу поедноставна варијанта која можете да ја искористите кога сакате вашите обетки и лице да бидат во прв план.




 
Банер
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?