
Нежно тргнете ја косата од лицето, приберете ја на едно место и врзете ја со еластична врвка.
Нивната убавина лежи во нивната храброст од постојаната борба за правата на жените, но и фризурите кои им давале романтична, нежна нота на нивниот целокупен изглед.
Со малку труд и вие самите можете да си направите фризура на модерна викторијанка.
Еве ја тајната на светски познатиот стилист Jonathan Long кој ве советува како да го постигнете ова во 7 кратки чекори:
- Ставете пена од горе кон краевите на чиста влажна коса.
- За да постигнете природен, романтичен изглед, грубо издувајте ја сувата коса, користејќи ги прстите наместо четка за да го охрабрите нејзиниот природен тек и брановите.
- Откако е целосно исушена косата користете фигаро за да ги дефинирате локните и да додадете екстра бранови на вашата коса.
- Истегнете ги влакната напред во лабави бранови кои паѓаат слободно да го омекнат крајниот изглед на вашата совршено „несовршена“ коса.
- Нежно тргнете ја косата од лицето, приберете ја на едно место и врзете ја со еластична врвка. Потоа растресете го опавчето за да изгледа неуредно и нежно. Косата треба да изгледа широка од страните.
- И на крај, подвиткајте го опавчето под косата на тилот над вратот и прицврстете го на место и растресете го повторно.
- Извлечете некои тенки прамени од косата да летаат на страна за нежен, романтичен крај.
.gif)






















.gif)























