
Оваа фризура оддава доза на отменост и стил.
Со само една фризура и можеби црвен кармин ги воскреснувате модните икони на минатите времиња.
Женственоста и сексапилот се кријат во овие измазнети до перфекција ретро бранови, каде секој прамен е на своето место. Далеку од тоа дека е лош изборот и на поразиграна ретро фризура, но повеќето од нив се со совршен распоред на секое влакно.
Оваа фризура оддава доза на отменост и стил. Совршена е во комбинација со вечерни тоалети за посвечени пригоди.
Познатите личности, особено Taylor Swift, често го закитуваат својот изглед со една ваква фризура. Луксузните локни на Taylor прикачени цврсто на страна со лак за коса и шноли се речиси нејзин заштитен знак.
Tyra Banks исто така ги искористи придобивките на ретро брановите во комбинација со уникатна јака шминка, а пак Gwen Stefani изгледа незаборавно со овој ретро француски твист.
.gif)






















.gif)























