
Постојат стандардизирани фактори за заштита на косата, кои ги има во препаратите со Hair protection factor – HPF.
Лето, сонце плажа! Позитивно од сето ова е пред се уживањето, но и подобрување на периферната циркулација, тонусот на мускулите, синтезата на витаминот Д, стимулација на нервниот систем и подобро расположение. Но тука се и негативните ефекти од прекумерното излежување под сонцето како здравствени тегоби и естестски недостатоци.
Прва помош за косата!
Постојат стандардизирани фактори за заштита на косата, кои ги има во препаратите со Hair protection factor – HPF. Тоа се најчесто регенератори, маски за коса и слично, кои се плакнат по миењето на косата.
Но тука спаѓаат и гелови, креми, лакови за коса и спрејови, кои подолго остануваат на косата и дополнително ја штитат.
Самиот концепт на изработка на вакви препарати со HPF, за заштита од УВ зраците е релативно нов, но и функционален, особено оние препарати кои подолго остануваат на влакното на косата, како навлака.
Исто така не заборавајте дека има и прехранбени продукти за поздрава коса. Зеленчукот е еден од нив.
Сонце + солена вода = Опасност!
Директното изложување на штетните УВ зраци, особено по излегувањето од солена вода води со сувост, разделување, кинење и дехидратација на косата.
Влажните влакна се многу осетливи на механички и на УВ дејства, бидејќи тврдиот кератин при навлажнувањето станува мек и влакното е растегливо и подложно на оштетувања.
Затоа на косата и е потребна соодветна нега, особено во летните денови. Препаратите за заштита на косата во овие денови мора да создаваат тенка навлака врз влакното на косата, кој не ја мрси косата, не ја оштетува, а притоа е незабележлив.
Со здрава коса ќе успеете да ги направите најзаводливите фризури за ова лето.
.gif)






















.gif)























