
Таа пали и жари во последно време со својата права коса со рамно потшишани шишки.
Ново годишно време, зар не е време за промени? Освежете го вашиот изглед и конечно соберете храброст за некоја драстична трансформација на вашата коса.
Земете пример од Kelly Rowland која не фасцинира со нејзиното бестрашно чувство за стил и креативни драстични промени на нејзината фризура. Оваа пејачка после сите трансформации низ годините, изгледа пожешко од било кога.
Да започнеме со навраќањето во деновите со Destiny's Child, Kelly ја обои својата коса црвена со боб обликуван со краевите кон надвор.
Едно големо браво за девојките кои не се плашат од волумен!
Kelly се одлучи за волуменозни локни кои и дадоа младешка вибрација за манифестацијата 2005 Billboard Awards. Класичниот патец на средина направи одлична рамка за нејзините слатки локни.
Е сега во сосема спротивна насока, таа блеска со ултра женствен изглед, со шишки на страна и долга мазно исфенирана коса само на краевите обликувана кон надвор. Овие нежни локни и софистициран изглед можеби се и нејзиниот најдобар изглед. Првите редови на Fashion week беа вистинското место за неа.
Таа пали и жари во последно време со својата права коса со рамно потшишани шишки. Со толку многу промени тешко е да прогнозираме колку долго ќе трае овој изглед.
Уживајте во нејзините креативни фризури и одберете ја вистинската за вас.
.gif)






















.gif)























