
Косата се електризира кај луѓето кои имаат сува коса која е склона кон кршење и делење на краевите.
Помогнете и на вашата коса и овој викенд без грижи од перутот облечете црно фустанче. Исто така намалете ги нервозите при средување на наелектризираната коса.
Проблем: Наелектризирана коса
Решение: Косата се електризира кај луѓето кои имаат сува коса која е склона кон кршење и делење на краевите.
Спрејовите за коса можат да ја вратат влажноста и да ја ослободат косата од електрицитет. Овие продукти обично се наменети за после стилизирањето на косата, кога таа е сува.
Проблем: Перут
Решение: Главната причина за перут е микроскопски квасец кој се јавува на скалпот кај сите. Нормално, кога мртвите клетки кога ќе паднат, се мијат и се отстрануваат без трага. Кога кожата ве чеша и се појавуваат видливи бели снегулки тогаш е добро време да набавите шампон против перут. Ако сте склони кон перут ќе мора овој продукт да го користите континуирано.
Ако вашиот проблем не исчезне на овој начин, ќе мора да се консултирате со експерт.
Вистини:
Поевтините брендови се посиромашни со состојки и можат да ја остават косата безживотна.
Ниту еден продукт не може суштински да ја измени структурата на вашата коса, но квалитетните продукти може да направат косата да изгледа здрава и сјајна.
Поскапите продукти, често пати се поконцентрирани, па можете да користите помала количина.
Луѓето со многу куса коса немаат потреба од балсам, бидејќи тој не е наменет за масирање на скалпот, туку за краевите на влакната.
Ладната вода ја прави посјајна вашата коса и помага балсамот да делува подобро.
.gif)






















.gif)























