
Елегантен и прилагодлив бобот може да варира од сосема скромен, до навистина ексцентричен за оние со бујна имагинација.
Пеколните горештини ни малку не попуштаат, па затоа последно што сакате да почувствувате на своите раменици е вашата коса. Ако во последно време се фаќате како се почесто ја носите косата собрана во опавче, делумно поради високите температури, делумно поради оштетувањата врз неа од сонцето и солта од морето, тогаш совршено време е да го освежите вашиот изглед со фризура боб.
Скратете ја вашата коса малку под ушите и зависно од вашето влакно одберете ја соодветната фризура од подолу наведените.
Ова е избор на кој жените постојано се навраќаат речиси цел век. Во 1920-тата година оваа фризура беше симбол на отворената непослушност и инаетот, за во 21-от век да стане симбол за модерна софистицирана жена.
Елегантен и прилагодлив бобот може да варира од сосема скромен, до навистина ексцентричен за оние со бујна имагинација. Дури и холивудските дами не останаа имуни на оваа безвременска фризура.
Погледнете кој избор го направија тие и одберете го совршениот за вас. Од Milla Jovovich со мазен класичен боб до Keira Knightley со геометриски боб и шпицови напред сите изгледаат беспрекорно.
.gif)






















.gif)























