
Од млечно, па се до темно чоколадна, сите кафеави нијанси зрачат посебен гламур.
Кога ќе размислите подобро женската психологија со своите мистериозни раце се замешала и при изборот на нијанса на косата. Стилистите и психолозите тврдат дека постои поврзаност меѓу карактерот на жената и нејзината (не)одлучност за драстична промена на нијансата или должина на косата.
Но, своја заслуга имаат и стереотипите.
Дали, можеби, токму тие ве тераат да помислите дека темнокосите девојки се симбол на интелект и посебна „ жестока“ харизма?
Темната боја и карактерот
Девојка со карактер е само онаа со темна нијанса на косата - е уште еден стереотип кој служи за акумулирање на самодоверба кај темнокосите жени и по автоматизам страв кај мажите.
Поврзаноста меѓу бојата на косата и вашиот карактер или однесување е само уште еден мит на листата гафови за жените и нивната убавина, кои ги сервира општеството.
Факт е дека многу од светските убавици биле или уште се бринети, но не можеме да судиме за нивниот карактер.
Според експертите кои го следат секој женски потег, природните бринетки се мили, привлечни и отворени за комуникација. Оние другите, кои тоа го постигнуваат со бојадисувањето го добиваат и ефект на неколку години повеќе поради што оставаат впечаток дека се посериозни.
Зарем не ви се чини дека, ако сте бринета некаде длабоко во вас се будат нагласени воинствени ставови кои се граничат со поинаков налет на феминизам.
„Слатки“ нијанси
Темната боја остава простор за избор на различни нијанси. Од млечно, па се до темно чоколадна, сите тие зрачат посебен гламур.
Темно кафената, речиси црна боја одговара на младите девојки со идеални црти на лицето.
Не заборавајте дека класичната фризура боб со шишки и во темна нијанса, не излегла од мода дури од 20 – ите години на минатиот век.
Шминка за акцент на
Темната нијанса на коса подразбира дека ќе треба да обрнете посебно внимание на шминката. Идеален тен, изразен поглед и усни нагласени со многу блесок или кармин во јака боја.
Раскошна нега
И ако помисливте дека само осветлувањето на косата е заслужно за оштетувањето на нејзината структура, се излажавте. И потемнувањето на косата не поминува без последици.
Затоа на бојадисаната коса пружете и соодветна нега. Наситена чоколадна боја ќе добиете со нијансиран шампон, регенератори и балзами за вашиот тип на коса, а дополнителната нега овозможете ја со маска за коса.
Со помош на овие совети ќе бидете една поинаква раскошна бринетка. Заведувајте со коса слатка како чоколадо и поставете „слатки“ правила на животот.
.gif)






















.gif)























