
Правилната исхрана може да го спречи опаѓањето на косата.
Доколку порано ве убедуваа во митот дека опаѓањето на косата е последица на промената на сезонското време, денес повеќе од јасно е дека за ваквата појава се одговорни низа фактори.
Опаѓањето на косата претставува сериозна закана за вашата убавина, затоа пробајте неколку домашни методи или побарајте стручна помош за побрзо и поефективно да си ја спасите косата.
Опаѓањето е задоцнета реакција
Медицинските експерти тврдат дека опаѓањето на косата е последица на некое нарушување во организмот или стресна ситуација и се јавува 3 до 4 месеци, по истите.
Затоа пред да го започнете третманот за лекување, сетете се на каков стрес бевте изложени пред толку време. Можеби тогаш започнавте со нов контрацептивен метод, се одлучивте за нова ефективна диета или можеби го доживеавте прекинот на врската?
Откријте и спречете ги причините
Не е возможно да ги знаете сите 600 евентуални причини заслужни за опаѓање на косата.
Но, кога ќе забележите повеќе влакна на четката за чешлање од вообичаеното, ќе треба да размислите за медицинска консултација.
Може да стане збор за хормонски дисбаланс, заболување на кожата на главата или проблеми со циркулацијата во тој дел.
Причина за опаѓање на косата може да биде и недостатокот на некои хранливи материи во организмот, односно дефицит на белковини, железо, цинк, магнезиум и витамини од групата Д, Б и А. Затоа, со правилна и здрава исхрана, обидете се да ја поправите ситуацијата.
Од надворешните фактори, заканувачки се хемикалиите од разните средства кои ги нанесувате врз косата или честото бојадисување, како и високите температури од направите за стилизирање на косата.
Домашни рецепти против опаѓањето на косата
Коприва
Измешајте 50 грама исушени и столчени лисја од коприва и 250 милилитри врела вода и оставете ги да постојат во затворен сад најмалку 10-ина минути. Додадете 100 милилитри 40% алкохол. Ваквиот лосион искористете го за масажа на кожата на главата. Третманот нека се состои од 10 вакви процедури.
Сол
По миењето на косата, масирајте ја кожата на косата со јодирана сол, тоа е всушност солта која секојдневно ја користите во исхраната. Оставете ја солта да дејствува барем 15 минути. Доволни ви се 6-9 вакви третмани за да го забележите ефектот.
Лук
Маската од лук е еден од најефективните методи против опаѓање на косата без оглед на непријатната миризба. Смесата од столчен лук држете ја на косата околу еден час по што измијте ја со поголемо количество на шампон.
Средства за вашиот тип на коса
Повеќе од важно е да ги читате упатствата за употреба на средствата кои ги користите за нега на косата, бидејќи често и најпознатиот бренд може да потфрли кога станува збор за коса со поинаква структура, како последица на што ќе се соочите со опаѓање на косата.
.gif)






















.gif)























