
Секојдневната употреба на фенот, пресата или фигарото ја направија вашата коса безживотна!
Благотворните состојки на маслиновото масло, освен за здраво готвење, може да ги искористите и за нега на вашата коса што е чекор кон здрава, сјајна и раскошна коса која е сон на секоја жена.
Промената на сезоната, повторно ве соочи со опаѓање на косата, а речиси секојдневната употреба на фенот, пресата или фигарото ја направија вашата коса безживотна. Време е да реагирате за да ја спасите убавината и здравиот изглед на косата!
Благородните состојки на маслиновото масло
Маслиновото масло и дава сјај, еластичност и мекоста на вашата коса, а истовремено ја зацврстува нејзината структура, но треба да знаете за неговата правилна употреба.
Уште во Древниот Египет биле распознаени благотворните ефекти на маслиновото масло за нега на секоја жена. Грците, дури, го нарекле течно злато, поради чудата кои ги правело за здравјето и убавината. Ова се доволни причини за да посегнете по маслиновото масло за нега на вашата коса.
Состојките на маслиновото масло ги регенерираат изумрените клетки на кожата на главата и на тој начин ја подобруваат структурата на косата. Исто така, тоа го подобрува лачењето на лојните жлезди што резултира со еластичност на косата. За сјај на безживотната коса и измазнување на распуканите врвови, маслиновото масло најдобар ефект дава кога е топло и кога ќе го оставите на косата да делува подолго време.
Маслиновото масло е основна состојка на голем број маски и средства за регенерирање на косата.
Во домашни услови, стоплете го маслото и оставете го на косата околу 20 – тина минути. За подобар ефект, замотајте ја косата со крпа за да маслото подобро и побрзо реагира на топло.
Медот, жолчката од јајце, оцетот и сокот од лимон се состојки од фрижидерот кои ќе можете да ги додадете на маслиновото масло за да добиете маска за нега на вашата коса. Со редовно повторување на ваквата процедура, која ќе ви одземе половина час пред миењето на косата, за кратко време ќе можете да се пофалите со неодолива коса.
.gif)






















.gif)























