
Измијте ја косата, исфенирајте ја во големи локни или направете ја со фигаро, потоа најдете неколку украсни шнолички.
Се чувствувате како Пепелашка... Часот е 5 до 12, вашите чевлички чекаат надвор, но во ова сценарио вашата коса вреска „SOS“. Елегантниот фустан лежи беспомошно на вашиот кревет, а вам ви е жал да го облечете затоа што не заслужува третман со ништо помалку од совршена фризура.
Фризерката ве „извиси“ кога и се јавивте и сакавте да закажете за следниот час (чудно била зафатена, си помислувате) и сега сте препуштени сами на себе, а токму вечер е таа ноќ која дојде неочекувано, но значи толку многу во вашиот живот. Таму некаде бијат свадбени ѕвона за некого, вашиот љубен ќе прослави уште една година во неговиот живот или тетка ви се вери на 46 години и радоста е преголема.
Вие треба да бидете совршената гостинка, девојка или внука, но вашата коса прави се за да ви го отежни тоа.
Време е за прва помош! Измијте ја косата, исфенирајте ја во големи локни или направете ја со фигаро, потоа најдете неколку украсни шнолички или една поголема и прицврстете ја на едната страна.
Локните нежно ќе паѓаат по вашиот врат од едната страна, а вашата гола кожа ќе заведува од другата страна. Најдете долги обетки кои ќе се лизгаат надолу и ефектот ќе биде повеќе од вооодушевувачки.
Брзо, лесно и едноставно блеснете со сиот свој сјај, а вашиот фустан нека ја добие за миг елегантната фризура која и тоа како ја заслужува.
Убав помин оваа специјална ноќ!
.gif)






















.gif)























