
Eva Longoria за појавувањето во шоуто Jimmy Kimmel Live, ја прибра својата прекрасна коса во француски твист.
Дали и вие сте заинтересирани за најновите холивудски трендови? Ако мислите да донесете некоја свежина во вашиот изглед, тогаш време е да ги погледнете нашите предлози.
Холивудските дами се непресушен извор на инспирација и некои нивни фризури изгледаат навистина комплицирани за правење. Но како и да е за до го воскреснете духот на црвениот тепих не секогаш ви е потребен врвен моден стилист.
За да направите некои од нивните фризури без многу мака потребно ви е само да ја помрднете стрелката на маусот надолу.
Француски твист
Eva Longoria (слика 1 подолу) за појавувањето во шоуто Jimmy Kimmel Live, ја прибра својата прекрасна коса во француски твист.
NotForMen препорака: 8 чекори за „француски твист“ и 20 предлози
За да го добиете нејзиниот елегантен изглед, најпрво треба да направите многу волумен. Потоа ставете ја косата назад, направете вертикален твист и прицврстете ја косата со шнолички.
Сето тоа завршете го со лак за коса во поголема количина, за да се чувствувате сигурни во текот на целата вечер.
Женствено и секси!
Опавче
Ciara (слика 1 подолу) ја носеше својата коса во супер мазно високо опавче на Barbara Bui модното шоу пролет/лето 2012. За да го постигнете нејзиниот смел изглед убаво исчешлајте ја вашата коса за да обезбедите максимум мазност и потоа нежно кренете ја косата во високо опавче.
Пред да ја осигурате косата со ластиче, извадете еден прамен коса директно од местото каде опавчето ќе биде сместено. Откако ќе ја врзете косата со ластичето, извадениот прамен обвиткајте го убаво околу него, прицвртувајќи го крајот со дискретна црна шнола.
Уште еднаш исчешлате го опавчето и прснете спреј за екстра сјај.
Модерно и софистицирано!
Кок
Ivanka Trump (слика 1 подолу) носи супер кежуал кок кој е соодветен како за фармерки така и за некој елегантен настан.
За да го добиете овој едноставен стил, најпрво направете патец на средината. Потоа извлечете неколку прамени од страните на лицето, а останатиот дел од косата ставете го одзади во пределот на вратот и направете го во низок кок.
Во галеријата подолу можете да погледнете примери и за гламурозен кок.
.gif)






















.gif)























