
Најактуелни за оваа сезона ќе бидат топлите тонови на темна коса, а особено костенливата, светло чоколадната и темно капучино нијансата.
Доколку копнеете по промени нашиот совет е да започнете од фризурата, поточно од бојата на косата. Не мора да бидете жртва на радикална промена, но дури и поинаквата нијанса може да ве доведе на чекор кон поголема самодоверба и радост во есенската, на моменти, тажна атмосфера.
Пред да тргнете кон фризерскиот салон, одлучете се каква нијанса сакате и дали ќе ви одговара. Следниве совети ќе ви бидат од корист не само при одуката за нов имиџ, туку и ќе ви помогнат во негата на бојадисаната коса!
Оваа есен модниот тренд ги диктира природните светли и темни нијанси, а особено акуелни се и нијансите на црвена.
NotForMen препорака: 5 најчести грешки при бојадисувањето на косата
Слатко - руса
Светлите нијанси секогаш се во мода.Овој пат одлучете се за нијанса на карамела или темно медено, а заборавете на сребрено-белите нијанси и сивите потонови.
Русата коса не одговара на секого, препорачуваат стилистите. Бидете внимателни доколку вашата природна нијанса на коса и тенот се темни и тогаш подобро одлучете се само за бојадисување на светли прамени.
Топло чоколадно
Жежок тренд од модните писти е и темната нијанса на коса. Најактуелни за оваа сезона ќе бидат топлите тонови на темна коса, а особено костенливата, светло чоколадната и темно капучино нијансата. Подобро откажете се од идејата за црна коса или нијанса на темно кафена со виолетов сјај.
Храбро црвено
Сите нијанси на црвената коса се добредојдени за вашиот нов имиџ. Не двоумете се за да ја бојадисате косата во жешка нијанса на црвена, особено доколку имате светол тен и зелени или сини очи.
Доколку не сте доволно храбри за екстраваганција со јако црвена боја на коса тогаш изберете боја со неутрален црвен сјај кој ќе биде забележлив само на светлина.
И доколку веќе сте на чисто со изборот на вашата нова нијанса, набавете си средстава за соодветна нега на бојадисаната коса за да го истакнете својот нов имиџ во полн блекок.
Погледнете ги предлозите за домашно приготвени раствори соодветни за секоја боја на коса!
.gif)





























.gif)























