
Маските и регенераторите за бојадисана коса е задолжителни затоа што хидратираната коса подобро ја рефлектира светлината и вашата коса изгледа блескаво.
Копнеете по неодолива и секси појава, ултра провокативна, но истовремено романтична и нежна нијанса на вашата коса? Сакате да станете русокоса која освен со стилот, и со интелигенцијата ќе ги сруши сите табуа во врска во светлиот корен на косата?
Само напред, но претходно дознајте ги одговорите на оние дилеми кои се особено важни за вашата нова нијанса!
NotForMen препорака: Блеснете со нова тренд-боја на вашата коса
Предизвикот да се биде русокоса
Со нетрпение ја очекувате трансформацијата во русокоса, но пред да тргнете кон фризерскиот салон треба да се соочите со вистината дали навистина би ви прилегала русата коса и покрај вашата силна желба.
Светлиот тен на кожата е гаранција дека ќе бидете успешна русокоса. Сината или зелената боја на очи исто така е мотив плус да станете русокоса.
Но доколку сакате да ја осветлите вашата темна коса во екстремно светол тон, најдобро е да се подготвите за неколку посети на фризерскиот салон. При секоја посета осветлувајте ја косата за две нијанси.
Совршена нијанса
Следниот чекор од мисијата за русокоса со стил е изборот на нијансата која совршено би ви прилегала. Од слатко медена до ледено платинеста – за посакуваната нијанса консултирајте се со вашиот фризер, а доколку не сте задоволни од нијансата не посегнувајте веднаш по бојата за коса, туку експериментирајте со колор шампон кој се измива по неколку миења.
Редовна и задолжителна нега
Русата коса бара посебна нега. Редовното потстижување е задолжително бидејќи, со употребата на хидроген и бланш за осветлување на косата, врвовите многу повеќе се изложени на оштетување.
Маските и регенераторите за бојадисана коса се задолжителни затоа што хидратираната коса подобро ја рефлектира светлината и на тој начин вашата коса изгледа блескво. Не заборавајте на серумот за врвовите и сперејовите за заштита на косата од дополнителните надворешни влијанија кои и штетат.
Изберете козметички средства на природна основа.
Во домашни услови, русата нијанса можете да ја осветлите со чај од камилица кој не треба да го измивате или со нанесување на етерично масло од лимон пред секое миење кое ќе го спречи кршењето на косата.
Со изборот на совршената нијанса и редовната и правилна нега ќе можете да се пофалите со здрава, блескава и неодоливо руса коса, а вашиот нов имиџ освен лично задоволство ќе биде причина и за редицата нови додворувачи. Зарем некој маж останува рамнодушен на русите прамени?
Сакате да бидете русокоса со стил како Taylor Swift? Погледнете ги идеите за фризури од неа!
.gif)





























.gif)























