
Хормоналниот дисбаланс и нарушената работа на жлездите за внатрешно лачење може да бидат причина за лошиот вид на косата.
Здравата и раскошна коса е сон на секоја жена за чие остварување е потребна соодветна нега. Шампони, маски, регенератори, ампули, сериуми...списокот на средства за нега е бесконечен, но понекогаш е потребно да употребите „потешка артилерија“ во борбата со нејзиниот оштетен и непривлечен изглед.
Сувата или премногу масната коса, опаѓањето, кршливоста, појавата на првут, како и иритациите на кожата се проблеми со кои се соочуваат жените на секоја возраст.
-
Станува збор за низа внатрeшени или надворешни фактори. Ова се најчестите непријатели на вашата коса!
- Промената на годишното време најчесто значи и интензивно опаѓање на косата.
- Загадениот воздух во урбаните средини негативно се одразува на изгледот на косата.
- Стресовите како последица на брзото темпо имаат влијание врз косaта.
- Небалансираната исхрана и недостигот на витамини и минерали е непријател број еден на косата.
- Хормоналниот дисбаланс и нарушената работа на жлездите за внатрешно лачење може да бидат причина за лошиот вид на косата.
- Претераната употреба на антибиотици е штетна за косата, како и за целиот организам.
- Лошиот вид на косата може да биде симптом на постпородилниот период.
Не очајувајте доколку ниту најскапите препарати не го дадоа посакуваниот резултат за вашата коса. Современата козметологија денес нуди голем број на методи кој ќе ви ја олеснат мисијата за здрава и раскошна коса.
Мезотерапијата е современа козметичка процедура со која се инјектираат препарати со цел да се подобри крвоснабдувањето и хранењето на корените на влакната со полезни материи. Мезотерапијата може да биде еликсир за убавина на вашата коса.
NotForMen препорака: Дилеми поврзани со косата?
Коктелот кој се инјетира (на 2-4 милиметри во кожата на главата) со мезотерапија содржи цинк, аминокиселини, витамини од Б групата, а најчесто и меланин кој го поттикнува растот.
Овие состојки ја нормализираат работата на лојните жлезди, ги обновуваат фоликулите што овозможува побрз раст на влакното и ја спречува појавата на првут и иритации на кожата на главата. Резултатот со неколку терапии е здрава, сјајна и густа коса.
Мезотерапијата не се препорачува во период на бременост и лактација, при алергија на состојките од коктелите, проблеми со црниот дроб, менструален циклус или употреба на некои антибиотици и специфични лекови.
.gif)






















.gif)























