
Средствата за обликување треба да ги изберете во зависност од должината на косата.
Раскошната коса може да биде еден од првите чекори кон женската самодоверба. Можеби затоа што ниту еден маж не останува рамнодушен на долгите и густи прамени?
Но што кога природата не е на ваша страна и тенката и слаба коса е ваше секојдневие? Нема простор за паника затоа што новите козметички средства и нашите совети ќе ви помогнат да го остварите сонот за коса со волумен без оглед на нејзината должина.
Основна нега
Време е да се научите средствата за нега на косата да не ги избирате според убавата амбалажа туку според состојките кои влегуваат во нивниот состав.
За коса со волумен користете средства кои во својот состав содржат пантенол кој ја обезбедува потребната хидратација на косата и ја зголемува дебелината на влакното.
Освен тоа, пантенолот има регенеративни својства кои ги поправаат штетите од агресивните надворешни влијанија на кои е изложена повеќе часа во текот на денот.
Освен пантенолот се препорачуваат и средства со екстракти од жожоба и рузмарин.
Доколку сте приморани косата да ја миете секојдневно тогаш избирајте шампони со неутрален Ph баланс.
NotForMen препорака: Маслиново масло за здрава коса
Средствата за обликување
Средствата за обликување треба да ги изберете во зависност од должината на косата.
За вашата кратка фризура или коса со средна должина одлучете се за крема или пена за волумен. Додека пак за долга коса се препорачува спреј за сјај и волумен.
Правилни потези со четката за фенирање
Посакуваниот екстра волумен ќе го постигнете со фенирање. Притоа најважно е косата да ја подгнете од коренот.
Најдобро е следниот пат кога ќе отидете на фризер да внимавате како вашиот фризер ја држи четката и во кој правец ги истегнува прамените.
Во просек секоја жена поминува околу 91 час годишно во фенирање на косата.
Најпрвин подсушете ја косата со крпа, а потоа посегнете по фенот. Фенирајте се со помош на четка со природни влакна, а фенот држете го на растојание од минимум 10 см. На крајот од фенирањето издувајте ја косата со ладен воздух.
Екстра волумен за долгата коса се постигнува и со неколку виклери кои ќе ги оставите неколку часа на вашите долги прамени. Потоа само поминете ја косата со прстите и подигнете ја кај корените. Испрскајте ја целата коса со лак.
Еве неколку домашни рецепти за маски кои ќе ви дадат инстант волумен на вашата коса!
.gif)





























.gif)























