
Ултра кратката коса може да направи вистинско чудо во трансформацијата на вашиот изглед.
Кратките фризури одземаат неколку години од изгледот поради што се совршен избор за повозрасните дами. Кога станува збор за бојата, светлите прамени се добредојдени бидејќи го освежуваат целокупниот изглед.
NotForMen препорака: 5 фризури за коса со средна должина
Погледнете ги идеите за фризури за дамите во средни години!
Должина до рамената
Косата до рамена е практичен избор доколку сте во можност да ја обликувате со фен по секое миење. На ваква должина прекрасно изгледаат прамени во неколку слични нијанси.
За младешки изглед долните прамени фенирајте ги на надвор, а шишките на страна. За да го зацврстите обликот на фризурата употребете лак за коса.
Со ваква должина на косата можете да ја извиткате и со неколку виклери.
Класичен боб
Класичната боб фризура е топ избор за подмладување. Сите нијанси на кафена или црвена се идеални за оваа фризура, најсоодветна должина е под ушите, а задниот дел уште пократок. Шишките можете да ги носите прави или настрана. Важно е прамените да ги обликувате кон внатре, а тоа ќе го постигнете со малку восок меѓу прстите со кој ќе ги измазните прамените кон внатре.
Ултра кратко
Ултра кратката коса може да направи вистинско чудо во трансформацијата на вашиот изглед. Должината над ушите освен практичен е и ултра модерен избор за сите повозрасни дами.
Волуменот е пресуден за кратката коса. Освен со фен можете да ја обликувате и со помош на прстите, а за тоа ви е потребна пена за коса. Истакнете го младешкиот дух со кратка коса и големи впечатливи обетки.
.gif)






















.gif)























