
Маската за коса е императив за редовна нега, а чешлањето ќе го олесните со спреј кој можете да го нанесете на четката за чешлање.
Оштетената структура на косата е одговорна за лошиот изглед дури и на најтренд фризурата. Затоа пред да тргнете кон фризерскиот салон со желба за интересна фризура или пак истата сами да ја направите посветете се на неколку последователни третмани за регенерација на косата.
Резултатот ќе биде сјајна, мека и еластична коса која можете да ја оставите раскошно да паѓа на рамениците или да искористите некоја од оригиналните идеи подолу.
Маската за коса е императив за редовна нега, а чешлањето ќе го олесните со спреј кој можете да го нанесете на четката за чешлање.
Храна за вашата коса
За да имате неодоливо мека коса која полесно ќе ја обликувате во посакуваната форма направете маска од една жолчка, една лажичка бебешко масло и малку вода и оставете ја на косата околу 10-ина минути.
За длабинско хранење на влакното направете маска од изрендано авокадо, една лажичка маслиново масло и една лажичка сода бикарбона. Оставете ја маската да делува околу15-ина минути, а потоа измијте ја косата со бебешки шампон.
NotforMen препорака: 5 фризури за коса со средна должина
Полесно расчешлување
Наместо болното кубење со чешелот со кое уште повеќе ја оштетувате косата редовно нанесувајте спреј кој освен што ќе го олесни расчешлување на косата ќе и пружи сјај.
Доколку косата лесно ви се масти со спрејот испрскајте ја четката за чешлање и со неа чешлајте ја косата.
Шишето со распрскувач наполнете го со вода во која ќе додадете малку регенератор за коса и добро ќе го протресете.
Спрејот користете го пред секое чешлање на косата.
Погледнете ги идеите за поинакви фризури од стандардната права коса или едноставно опавче!
.gif)
































.gif)























