
. Можеби ќе ја промените нијансата на косата, екстремно ќе ја измазните во високо опавче или пак ќе ја скратите нејзината должина и ќе ја обликувате на поинаков начин.
Сакате да го размрдате вашиот секојдневен изглед со поинаква фризура? Имате можност на избор. Можеби ќе ја промените нијансата на косата, екстремно ќе ја измазните во високо опавче или пак ќе ја скратите нејзината должина и ќе ја обликувате на поинаков начин.
И во двата случаја треба да внимавате на нејзината нега со цел да изгледа здрава и сјајна.
Собрана во опавче

Освен практичен ова е ултра модерен начин да ја направите вашата фризура забележлива.
Доколку немате права коса ќе треба претходно да ја исфенирате или испеглате и потоа да ја соберете во коњски опаш. Претходно оставете еден средно дебел прамен со кој потоа ќе го обвиткате опавчето.

На вас останува дали ќе се одлучите за низок опаш кој ќе остава впечаток на нагласена елеганција или високо разиграно опавче и да додадете едноставна лента на вашата фризура.
На крајот измазнете го предниот дел од косата и врвовите на опашот со малку восок или серум за коса претходно нанесен на дланките.
NotForMen препорака: 3 совети за бојадисана коса
Најразлични варијанти на боб
Доколку имате коса со средна должина тогаш ќе мора да ја носите пуштена иобликувана на соодветен начин.
Долгите шишки на страна се вистински хит сезонава, а нема да погрешите доколку се одлучите за црвено - портокаловите нијанси на вашата коса.
Маската, регенераторот, спрејот за сјај и серумот се задолжителни за нега на бојадисаната коса.
Инспирирајте се од следниве идеи за некласичен боб и бидете храбри при изборот на нијанси!
.gif)






























.gif)























