
Откажете се од употребата на „ 2 во 1“ средства за нега на косата и не ја мијте со премногу жешка вода. Употребата на регенератот или балсам е задолжителна за зимските денови.
Екстремната разлика на температурите надвор и во затворените простории е главниот виновник за сушење на вашата коса, а облеката од волна создава дополнителен статички електрицитет кој многу често знае да биде непријатен.
Сигурно и вам ви се има случено да не можете да ја скротите фризурата откако ќе ја извадите капата од вештачко крзно, волна или памук.
Главниот трик е на косата да и овозможите правилна и дополнителна хидратација за време на зимските денови, но постојат и неколку други начини кои ќе ве спасат од непријатното чувство на разлетана коса.
Дознајте ги сега!
Шампон според типот на коса
Употребувајте шампон строго според вашиот тип на коса бидејќи повеќето шампони кои длабински ја чистат косата од нејзината структура ги измиваат не само нечистотиите туку и природните масти како последица на што се појавува електрицитет.
За таа цел користете средства за нега за сува и повредена коса кои во својот состав содржат масла.
Откажете се од употребата на „ 2 во 1“ средства за нега на косата и не ја мијте со премногу жешка вода. Употребата на регенератор или балсам е задолжителна за зимските денови.
NotForMen препоракa: 4 совети за средена фризура и со капа
Не штедете на добра четка
За расчешлување на косата користете четка со тапи забци кои не може да ја повредат нејзината структура. За обликување на косата со фен користете четка со природни влакна, а за секојдневно чешлање четки со дрвени забци на кои можете да нанесете малку спреј за нега пред расчешлувањето на косата. За истата намена наместо спреј можете да употребите минерална или термална вода.
Во специјализираните продавници или аптеки можете да најдете и четки со силикон кој има анти–електрицитет ефект врз вашата коса. Не заборавајте четките за коса редовно да ги миете. Доволно е пред спиење да ги оставите со сад со топла вода и шампон, а утредента темелно да ги измиете и исушите.
Фенирање со умерен воздух
Доколку косата ја сушите со фен тогаш препорачливо е да се обидете без жежок воздух. Умерената температура на воздухот од фенот ќе ја заштити косата од дополнително сушење. Сушете ја косата во правец на растот на косата притоа мазнејќи ја со раце.
Наједноставен народен рецепт кои ќе ви понуди инстант решение за наелектризираната коса е црниот чај. Нанесете една шолја на измиена коса и по неколку минути измијте ја косата со млака вода.
Внимавајте на изборот на капи
Вештачките материјали ја електризираат вашата коса поради што најдобро е да избирате капи од природна волна, крзно или памук.
По секое перење на капата потопете ја во концентрат за намалување на синтетичкиот елетрицитет односно во омекнувач за алишта за таа намена.
Пред да ја ставите капата на глава од внатрешната страна на капата испрскајте сосема мало количество на лак за коса.
И најдобриот совет е да не носите премногу тесни капи од синтетички материјали.
.gif)






















.gif)























