
Задолжителни за во лето, но препорачливи и за останатиот дел од годината палетата на ленти за коса е соодветна за секоја блондинка, бринета или црнокоса.
Лентите за коса се тренд кој се појавува и губи во последниве неколку години. Но тие повторно ги преплавија модните писти за сезоната пролет/лето 2012.
Задолжителни за во лето, но препорачливи и за останатиот дел од годината палетата на ленти за коса е соодветна за секоја блондинка, бринета или црнокоса.
Правило број 1: Лентите за коса не треба да бидат во иста боја со вашата коса.
Значи ако имате бебешко руса коса, белата лента ќе изгледа како завој на вашата глава. Стилистите советуваат бојата на вашата лента да биде во контраст со косата, па затоа црнокоси време е за лента во јака боја.
Правило број 2: Додадете женственост на кусата коса со лента.
Ако имате момчешка фризура лентите за коса се совршената доза на промена и женственост која ви е потребна. Сетете се само како Michelle Williams блескаше на Golden Globes со црната лента од кадифе на нејзината мека руса коса.
NotForMen препорака: Трендови за косата
Правило број 3: Лентата за коса да соодветствува на вашиот стил.
Ако имате долга коса имате навистина голем избор на ленти за коса пред вас. Бидете навистина внимателни и одберете онаква лента која ќе одговара на вашиот стил и со која ќе се чувствувате комфорно.
Ако сакате самовилски изглед одлучете за цветен дезен, а ако имате слободен боемски дух тогаш време е за шик турбан.
Правило број 4: Скротете ја витканата коса со лента.
До вчера ги носевте вашите локни диви и слободни? Денес е време за нешто поинакво! Исто како и кратката коса така и витканата бара промени, а лентите се совршени за тоа. Задржете дел од текстурата на косата, а тргнете ги прамените од лицето со пластични шноли-чешлиња или растегливи ленти.
Дури и светските дизајнери се погрижија да ви го олеснат изборот. Еве дел од нивните модели.
СЛИКА 2: Cleopatra беше инспирација за лента за коса со златно синџирче од колекциите пролет/лето 2012.
СЛИКА 7: Класична едноставна растеглива лента, твист од црно и златно.
СЛИКА 8: Женствена бела лента од тантела која ќе даде ултра модерна нота на вашиот изглед.
Овие, а и 5 други ленти за коса следуваат во продолжение:
.gif)






















.gif)























