
Немажените кинески девојки косата најчесто ја носеле во плетенки, а мажените долга исчешлана назад од лицето или врзана во јазол.
Денес ви се сервирани на тацна сите актуелни модни трендови. Ги знаете најмодерните фризури за оваа сезона, а сигурно сте ги чуле и најавите за сезоната која доаѓа, но дали некогаш сте се запрашале како ги средувале своите коси античките Римјанки или домородните Американки? Еве некои ретро фризури:
ЕГИПЕТ
Во топлиот Египет жените ги носеле своите коси кратко потстрижани, но за церемонијални пригоди ставале кадрави црни перики. Периките често биле со долги плетенки украсени со орнаменти или шноли од слонова коска.
ГРЦИЈА
Во класична Грција косата на жената била долга и ставена назад. Многу од нив ја бојадисувале во црвена боја и ја попрскувале со злато во прав, често ставајќи во неа свежо цвеќе или скапоцени камења.
РИМ
Во антички Рим тенденција била да се следи грчкиот стил. Повисоките класи користеле направи за виткање и злато во прав, како и Гркинките. Често ја боеле косата руса и носеле перики, направени од косата на робовите. Подоцна станал актуелен високиот кок, прицврстен со жица, а посетувале и фризерски салони.
NotForMen препорака: 7 чекори за фризура на модерна викторијанка
ИСТОКОТ
Меѓу муслиманската заедница косата требала да биде сокриена во јавност. Жените се криеле под традиционалните превези и ги посетувале локалните јавни бањи, каде им била чешлана косата.
АМЕРИКА
Домородните Американки т.е. Индијанките биле поделени: оние на источниот брег носеле целосно избричени глави со само малку коса околу круната, а другите носеле долги плетенки украсени со пердуви.
КИНА
Немажените кинески девојки косата најчесто ја носеле во плетенки, а мажените долга исчешлана назад од лицето или врзана во јазол.
ЈАПОНИЈА
Во средновековниот период жените ја носеле косата долга и лабава, но од 17-тиот век започнале да ја стилизираат во низок кок со иглички и чешли со скапоцени камења. Фризурите на гејшите биле високо и цврсто прибрани и често надополнувани со парчиња коса.
На античката убавина не можат да и оддолеат и најпознатите холивудски ѕвезди, па така некои од нив ја користат секоја свечена пригода за да се појават со ретро фризура. Погледнете дел од нив:
.gif)






















.gif)























