
Сплетете го секое опавче, а ако сакате да експериментирате ставете и по едно парче материјал.
Дали сте го забележале новиот сладок тренд на плетенки? Но овој пат одиме чекор понатаму и ви ја препорачуваме плетенката – венче.
Таа одлично прилега на речиси секое лице и изгледа навистина убаво. Иако на прв поглед ви изгледа како невозможна мисија, ние ви ги даваме 7-те чекори на правење една ваква и ќе видите дека е навистина лесно и брзо.
NotForMen препорака: Плетенки на различни начини
Зaгрејте ги прстите од февруарскиот студ и време е за плетење:
1. Направете патец во средина од предниот дел на главата до тилот кај вратот.
2. За да можете убаво да работите со косата ставете и некое средство што ќе го намали елетрицитетот.
3. Потоа поделете ја косата во две ниски, симетрични опавчиња. Можете и малку повисоко да ги направите во зависност од должината на косата.
4. Сплетете го секое опавче, а ако сакате да експериментирате ставете и по едно парче материјал.
5. Материјалот ставете го со било кој од трите прамени при плетењето, косата во плетенката ќе го држи наместо. Ставете и малку лак за коса за дополнителна сигурност.
6. Закачете ги двете плетенки горе на врвот од главата со мали црни шноли за да креирате илузија на една целосна плетенка.
7. Сето ова завршете го со лак за коса.

И познатите дами не му одолеаја на овој тренд. Kirsten Dunst е кралица на оваа плетенка, ја носи толку лежерно, а толку привлечно. Погледнете!
.gif)






















.gif)























