42-227966717 комбинации за Денот на вљубените
Одберете си комбинација за вашиот состанок која ќе го покачи неговиот адреналин.
figura14 фустани според вашата фигура
Премногу слаби, премногу полнички, ниски или имате широка половина? Еве решение!
svetka35 златни правила за сјајна коса - 2 дел
Една должина на фризурата ќе ви даде рамка околу лицето и ќе ја прекршува светлината рамномерно.
soncence1Заштитете ја косата во текот на летото!
Препаратите за заштита на косата во овие денови мора да создаваат тенка навлака врз влакното.

Шминка за зрела кожа

mature_woman_1

Шминката за постари треба да биде во функција да задоволува две цели. Првата е да го подобри тенот, а втората е да скрие што повеќе брчки и недостатоци на лицето. Што значи дека вашето мото да изгледате помладо е сосема погрешно.

Всушност, така се прават и најголемите грешки. Ги користите тактиките на својата ќерка, за на крај да изгледате смешно. И покрај возраста и вие располагате со убавина, поинаква, но сепак убавина. Тоа значи дека треба да работите на тоа да ја истакнете, а да заборавите на тоа да се правите нешто што не сте.

Да почнеме со подлогата...со оглед на тоа што вашата кожа е зрела и брчките се изразени, мора да избегнувате густи пудри. Можеби мислите дека така ќе покриете сè, а всушност само ќе направите брчките да изгледаат подлабоки. Затоа користете медиум течна пудра. Гледајте да биде помасна за лицето да изгледа природно сјајно.

Нападната и тешка шминка е забранета...има многу жени што мислат дека ако стават многу шминка ќе изгледаат помладо. За зрелата кожа ова правило нема логика да важи. Темните сенки навлегуваат во брчките, ги истакнуваат, а очите стануваат пропаднати.

Светлите сенки се ваш најголем пријател...светкавите сенки на база на крем, не само што ќе ги покријат брчките туку ќе обезбедат хидратација. Капакот ќе изгледа оптегнато и еластично. Темните кругови околу очите покријте ги со една нијанса посветол коректор.

Руменилото...нека биде минимално. Не избегнувајте го бидејќи истакнатите јаболкца ќе направат да изгледате свежо. За да бидете сигурни дека ја правите вистинската работа со шминката, користете течно руменило што се нанесува како крем.

Карминот...нека биде по ваша желба. Со оглед на тоа што вашите усни се изложени на зачестено испукување, обезбедете влага со „лабело". Ништо од ова нема да биде возможно ако не користите меки и убави четки. Важно е шминката да биде правилно распределена.



 
Unique-avgust
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Брзањето нема да ве одведе никаде денес, ако сте среќни! Ако не сте може да завршите многу поназад отколку вчера, а тоа не можете да си го доволите.

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Вашиот живот цвета како рана пролет и ќе се пронајдете себе си разговарајќи со странец во некоја интересна насока. Проверете дали луѓето се подготвени да стојат до вас!

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Имате навистина тешка листа со задачи која ви стои пред лице. Добрата вест е што ја имате потребната ментална енергија за го средите тоа. Пронајдете нов начин да ги следите работите.

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес силно посветете се на малите детали. Нешто не е сосема во ред, но ако вистински обрнете внимание ќе сфатите што се случува.

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Добро време е да се посветите на себе и да ја смирите социјалната енергија. Размислете одново за вашите планови и за минатото. Затворете ја вратата и најдете некое тивко место.

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес ќе достигнете сериозно кул достигнување, можеби нема ни да сфатите дека целите натаму. Истапете и направете вистинска разлика во вашиот живот.

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Ваш пријател се обидува да ве натера да ги гледате работите малку поинаку, a вашиот ум е доволно отворен да ја прифати неговата понуда. Тоа не значи дека треба целосно да се премислите!

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Обидете се поново да ја воспоставите изгубената врска, без разлика дали е професионална, пријателска или љубовна. Верувајте повторно ќе ви бидат потребни луѓето на кои некогаш целосно се потпиравте.

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Побарајте било што денес, на крај ќе излезе по ваше. Некое време ќе мора да чекорите без тоа што го сакате, но на крајот ќе го извлечете максимумот од ситуацијата.

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Дистанцата не е пречка за вашиот комуникациски стил денес, можете практично да читате умови и покрај километрите раздалеченост. Истражете ги опциите и посегнете по оние кои треба да ви ја чујат пораката.

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Не сте сосема сигурни што се случува со вашите луѓе, сите како да глумат и да ве лажат во очи. Добрата вест е што фазава нема да трае долго и работите ќе се вратат во нормала.

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашата најблиска врска ви го прави животот забавен денес и тоа значи дека дефинитивно сте на вистинското место да побарате услуги или помош. Време е за социјализирање!

10-02-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)