bela_maska_na_liceПриродни маски за нега на кожата
Кои се позитивните дејства на природните маски за лице?
Doca_4Кожата е во мода!
Дали знаете дека нашите продавници изобилуваат со кожни модели?
plucking_hairОтстранување на влакната од лицето
Дали треба да ги отстраните и кој е најдобриот начин за да го изведете тоа?
cura_so_ogromna_kosaНеколку трикови за сјајна коса
Како да ја направите косата без сјај, беспрекорно сјајна и убава?

Како да ја одржите шминката свежа цела вечер

light_make_up

Сте испланирале овој викенд да излезете со другарките во диско. Па одамна не сте се откачиле на подиум. Нормално ставате појака шминка за да се издвоите од другите девојки во темнината, но и се надевате дека така подолго ќе ви трае. За жал не поминал ниту еден час од енергичната забава, а вие чувствувате како шминката се топи по вашето лице. За следниот пат да ви трае шминката колку и DJ - сетот, послушајте ги нашите совети.

Што помалку шминка тоа подобро. Во клубовите секогаш е темно и зачадено, затоа никој не може да направи разлика колку и како сте нашминкани. Минималистичкиот make up е доволен за да ги истакнете цртите. Тон шминка на вашето лице искомбинирано со чад од цигари и потта од играњето, не само што е штетно за вашата кожа, туку може да направи да изгледате како растечена слика на дожд.

Избегнувајте ги течните пудри. Самото име ви кажува дека ќе се растечат брзо. Течна пудра во диско е исто како да сте ставиле крем на 40 степени во лето. Кожата добива мрсен и испотен изглед. Гледајте да поминете без пудра, покријте ги само подочниците или ставете малку камена пудра. Камената пудра освен што одлично покрива, го суши лицето слободни сте да играте колку што сакате.

Секако дека зачадените очи или накосени со црно моливче се навистина секси. Но, ви препорачуваме да ги одморите моливчето и каква било мрсна сенка. Во просторија полна со луѓе и недостиг на кислород, многу лесно може сенката да се собере во една линија на капакот, а црното моливче цело да падне на подочниците. За да не шетате со помодрени очи речиси цела вечер, нанесете посветли нијанси и многу маскара. Вашите очи ќе блескаат во темнината.

Карминот е најголем проблем бидејќи нема шанси да не се извади. Треба да не зборувате, да не пиете, за да не го оставите на чашата. Затоа понесете си со себе сјај за усни па одвреме-навреме обновете го. Светлата од диското дополнително ќе го зголемат ефектот на истакнати усни.

Кога ќе го достигнете врвот на вечерта, сте разговарале со куп луѓе, сте седеле на шанк, сте поиграле на подиум, сигурно ќе ви стане жешко. Никако немојте да го поминувате испотеното чело и лице со влажно или хартиено марамче. Така само ќе се размачкате, ќе отстраните дел од шминката и ќе бидете како со дамки на лицето. Исклучиво потапкајте го нежно со сува палома за да се впие вишокот мрснотија и пот.

 

Повеќе за:


 
Unique-avgust
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери

Error: Any articles to show

11-02-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)