Фактот дека се идеални за работна атмосфера, за преку ден, па и за навечер е ништо во однос на тоа дека најмногу делуваат природно на женското лице. На прв поглед делува дека немате ништо ставено на лицето, а сепак блескате со необјаснив сјај.
Доста се ослонувате на темните сенки и црниот креон, подеднакво можете да бидете секси и со светлите сенки. На помош ќе ги викнеме познатите за да го илустрираме до сега кажаното.
ПРЕДИЗВИКУВАЧКИ НЕЖЕН ПОГЛЕД

Kristen Stewart, пример за предизвикувачки нежен поглед
Овде имаме пример за тоа како со една сенка можете да го постигнете ефектот на сексапил. Очите се нашминкани само со сјајна бакарна сенка и маскара. Тенот е блед за сметка на усните со боја на зрела вишна.
УБАВИНАТА НА ЧИСТОТАТА

Keira Knightley, пример за перфекција
Очните капаци се минимално засенети со беж сенка. Во внатрешноста на окото можете да ставете тенка линија црн креон, но овој пат бидете штедливи во однос на маскарата. Усните треба да имаат природен изглед, но не изедначувајте ги со кожата, наместо тоа ставете бледо розов кармин. Јаболчниците засенете ги со повеќе розеникаво руменило.
НЕЖНИ ОЧИ И ЗА НА ЦРВЕН ТЕПИХ

Jennifer Lopez, пример за тоа како нежниот мејк ап поминува и на црвениот тепих
Очниот капак нашминкајте го со светкава сребрена сенка, линијата под веѓите истакнете ја со кафено-портокалова сенка, а трепките истакнете ги колку што можете повеќе. Со сенката поминете и на линијата под окото (закосете само малку на краевите). Усните и јаболчниците истакнете ги со кармин и руж со месо-боја.


















































