Добро дојдовте во светот на високата мода или Haute Couture...станува збор за фазата што обично следи по ревиите познати како Ready to Wear Collections.
Високата мода е место каде на вистински начин доаѓа до израз уметничката душа на модните дизајнери, место каде што нема граници во креирањето и имагинацијата.
Парчињата облека можеби не се за на улица, шминката е премногу смела за да ја ставите, но тоа не значи дека ви е забрането да уживате во она што беше сервирано на модната недела во Париз. Мејкап артистите на познатите дизајнери и овој пат успешно наметнаа нови мејкап трендови. Темата за сите беше заедничка: Кој може да нашминка најинтензивно и со повеќе бои.
TRUE BLUE - Jean Paul GaultierКолекцијата за пролет/лето 2010 на францускиот дизајнер Jean Paul Gaultier, потсетуваше на костимографијата креирана за филмот Аватар и модата што ја практикувале Ацтеките. Шминката не беше ништо поразлична. Мејк ап артистот Tom Pecheux на толку мал простор како што е очниот капак успеа да нанесе голем спектар од бои..металик, сина, зелена, жолта, виолетова. Живите бои како од џунглата доминираа и на усните и ноктите.
BACKSTAGE ФОТОГРАФИИ: