
За својата нова мејкап колекција (пролет/лето) 2010, Christian Dior се врати во 20-тите години на минатиот век
За својата нова мејкап колекција (пролет/лето) 2010, Christian Dior се врати многу назад во времето. Уникатниот изглед на жените во 20-тите години на минатиот век, овој пат беа негова инспирација.
Иако времето на романтизмот одамна е зад нас, и навечер не ги облекуваме раскошните тоалети и тесните корсети, тоа не значи дека не можеме да украдеме мејкап трикови од гламурот на жените што живееле во далечните 20-ти години.
Експериментирањето со руменилото, сенките и кармините е дозволено во секое време. Секоја вечер направете ја посебна со тоа што на вашето лице ќе му приредувате различен мејкап изглед.
КОНКРЕТНО ЗА КОЛЕКЦИЈАТА...

Чипката е заштитен знак на мејкап колекцијата наречена Dentelle
Козметичкиот бренд Christian Dior за оваа мејкап сезона се одлучи за нежни пастелни бои што потсетуваат на пролетта и на луксузните сатенски материјали и чипка, карактеристични за жените во 20-тите години на минатиот век. Всушност чипката е заштитен знак на мејкап колекцијата наречена Dentelle.
Балсам за усни...за мекост на усните овој пат беше искористена комбинацијата од етерично масло од роза и костенов путер.
Пудра...пудрата е ѕвезда на колекцијата. Во себе содржи две нијанси правејќи го лицето беспрекорно.
Новиот Dior look е наменет да ја открие женственоста кај жената и во најобичната ситуација, а да не зборуваме за свечените пригоди кога шминката е неизбежно женско оружје. Чипката не може да ја одбие ниту една жена...ја сакаат жените што се робови на модните трендови, ја сакаат жените со сопствен стил, а најмногу даркерките.


















































