
Едно јаболко на ден прави чуда за тенот!
Малите трикови се одличен рецепт за добар изглед. Најголема потврда за тоа се годините на нивното следење од страна на жените. Токму затоа во 3-от број на Unique оставивме простор да ги издвоиме најпрактичните совети што може да и послужат на секоја жена во било која прилика. Овде започнуваме со првите 7, а останатите корисни информации чекаат на вас на страните од списанието.
- Направете сјај за усни по ваш вкус. Измешајте ги кармините што ви се допаѓаат и додадете малку вазелин.
- Кога ја бојадисувате косата, внимавајте таа да не биде свежо измиена. Природните масти на косата и помагаат на бојата полесно да ја зафати косата.
- Лакот за нокти ќе биде секогаш лесен за нанесување доколку го чувате во фрижидер.
3-от БРОЈ НА UNIQUE ВЕЌЕ ВО ПРОДАЖБА!!!
Во најновиот број на списанието што веќе можете да го најдете на сите трафики, освен за изгледот, ќе најдете секси шопинг водич за долна облека.
- За детоксикација на косата, ставете една лажица оцет во шампонот што го користите.
- Уништувач број еден на вашиот стил е ставот што го носите со себе. Секогаш стојте исправени.
- Костимите прават да изгледате коцкасто и додаваат неколку килограми. Ако сте позаоблени одлучете се за фустан што фино ќе ги истакнува вашите облини.
- Чај од рузмарин и една белка од јајце на вашето лице половина час, ќе ви даде посвеж тен.


















































