
Дрогеријата ги задоволува потребите на секоја жена!
По отворањето на првиот Cosmo Tinex во склоп на првата катна гаража „Зебра", за релативно кус период се отвори и втората дрогерија на местото на стариот Tinex на ул. „Даме Груев" бр.5
Познатите фаци, личности од јавниот живот, новинари и приватни гости...уште на самиот влез беа дочекани со подарок, а внатре засладувајќи се со розовите колачиња и чаша вино, го прославија отворањето на новото женско прибежиште.
ЗОШТО ТРЕБА ДА ГО ПОСЕТИТЕ?
Дрогеријата ги задоволува потребите на секоја жена. Мајките ќе најдат кашички за децата, бремените жени ќе најдат изобилство од витамини и минерали, а декоративната козметика и уникатните мирисни ноти од познатите светски брендови, се наменети за секоја жена што сака да изгледа и да се чувствува пријатно во своја кожа.
ОБЕЗБЕДЕТЕ СИ КЛУБ КАРТИЧКА!
Клуб картичката е бесплатната и може да ја добие секој што ќе го пополни прашалникот. Со неа ќе можете да добиете попуст на вашите омилени производи.


















































