21modaiubavina

Најнов светски мејкап тренд

woman_lying_down

Совршена кожа, молскавични очи и крваво црвени усни - страст и опасност во исто време

Додека целиот свет го тресе Twilight (филмот во оригинал Самрак, со Robert Pattinson) треската, некој се сетил да направи линија на козметички производи и совети, за тоа како да ја постигнете исконската вампирска убавина.

Совршена кожа, молскавични очи и крваво црвени усни - страст и опасност во исто време. Развивачите на ваквиот тренд, меѓу нив и Cristina Bartolucci, велат дека ваквиот драматичен изглед треба да манифестира невиност и провокација во исто време, доведувајќи го во искушение секој што ќе се најде на патот. Па доколку сакате да станете фан на новиот вампирски изглед, еве што треба да сторите:

МЕСЕЧЕВ ТЕН

Исконската убавина на новата генерација на вампири, потекнува токму од перфектно измазнетата кожа. Се што треба да направите е да ги покриете флеките, акните, лузните...со коректор, а потоа да нанесете две нијанси посветла пудра, од таа што ја користите. Внимателно и полека нанесувајте ја пудрата за да постигнете рамномерност. Изедначеноста е клучо за ваков тен. Заборавете на руменилото и бронзениот руж, единствено можете да си дозволите малку сребрена пудра или руж во прав. Нанесете ја на образите со исклучиво чиста четка за да не го извалкате тенот од претходните честички што се задржале на неа. Вака ќе постигнете дијамантски ефект, исто како вампирите кога се појавуваат на сонце.

МИСТИЧНИ ОЧИ

Постојат два трика со кои ќе го постигнете ефектот на таинствени очи што зрачат со невиност  и расипаност во исто време. Едниот е да нанесете сенки што се преливаат на сонце, како металик сина или зелена. Со секое движење на окото, ваквите сенки ја менуваат нијансата, а со тоа несомнено ќе го заробат туѓиот поглед. Другиот начин е да нанесете светкава сива сенка околу очите, а во окото ставетевкафено моливче за поинтензивен и поопасен изглед, секако не заборавајте маскара.  Веѓите нека бидат средени под конец, а задолжително истакнете ги со моливче.

ПОДГРИЗНАТИ УСНИ

dark_sexy_lips

Заборавете на перфекција и рамномерно нанесен кармин...

Усните треба да изгледаат како штотуку да ги цицал вашиот сакан вампир. Што значи заборавете на перфекција и рамномерно нанесен кармин. Тој треба да биде размачкан на усните, но да не излегува надвор од линиите. Побарајте кармин со крвава, модра боја и нанесете го на центарот на усните. Со помош на прстите разнесете го до краевите, не ставајте премногу кармин бидејќи целта не е да ги нашминкате усните.

РАЗИГРАНА КОСА

Оние што сакаат да одат во крајност, може да ја бојадисаат косата со костенлива боја со црвеникав сјај што ќе се прелива на сонце. Што се однесува до фризурата, таа треба да изгледа како да сте трчале низ шума. Да нема ред, но да не биде и бушава. Измијте ја, исушете ја, благо извиткајте неколку прамени во кадрици и испрскајте ги со спреј за сјај. Пред излегување наведнете ја главата и поминете со прстите по коса за прамените да се издвојат и лесно да паднат на рамената.

(1)

PrekrasnO!
Marcheline Shakur , July 16, 2010
  • Пријави несоодветен коментар

    Пријави несоодветен коментар

КОМЕНТАР

намали | зголеми

Коментирај на овие и слични теми на notformen форумот за девојки

busy

Слични текстови
Претходни текстови од категоријата

 
Банер
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
Facebook Fanbox 1.5.x.0
Forum-naslovna-najava-mala_03
b
Неделен хороскоп (26.07-01.08)
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Nick Zano

News image

Jeremy Renner

News image

Simone Sestito

News image

Hugh Dancy

News image

Chris Pratt

News image

Rudolf Martin

News image

David Cook

News image

Hayden Christensen

News image

Chris Klein

News image

Joshua Jackson

News image

Matthew William Goode

News image

Ryan Kwanten

Колку редовно имате секс?
 

3600