koza_sto_se_lupiКако да го спречите лупењето на кожата?
Кожата секојдневно поминува низ природен процес на лупење, но кога тоа почнува да станува закана за нејзиниот сјај?
doilkaКако да го вратам убавиот изглед на градите?
Со завршување на периодот на доење, градите го менуваат обликот и виснуваат.
iva_5ta_frizuraЛесна летна фризура за секаков настан
Специјално за вас! Фризура објаснета во неколку чекори.
timeless9 парчиња за секоја сезона
Ќе заштедите пари бидејќи се носат и лете и зиме, а сепак ќе останете во тренд.

Козметика што (не) смеете да ја позајмувате!

pozajmuva_make_up

Пудрата е најбезбедна за споделување со пријателките!

Сигурно ви се случило пријателката да ви побара пудра, креон или маскара. Дали без размислување и ја позајмивте козметиката или ви беше малку непријатно да споделувате креон што секој ден го нанесувате на очи?

Делењето мејкап со друг, отсекогаш била деликатна тема за која нема конкретни правила за тоа како да се однесуваме. Од една страна не сакате да испаднете скржава, особено во ситуациите кога веќе сте во такси за накај кафулето, а пријателката заборавила да си стави маскара, но...не ви е сеедно да делите шминки што ги ставате на очи. Причината за грижа е оправдана, но не се однесува на сите производи.

ШМИНКА ШТО НЕ СМЕЕТЕ ДА ЈА ДЕЛИТЕ!!!

Маскара - со неа се пренесува конјуктивитис.

Сјај за усни и кармин - преку четката се пренесува херпес.

Четки и сунѓерчиња за нанесување пудра - преку нив се пренесуваат кожните инфекции.

Ролон дезодорансите - преку нив се пренесуваат разни габички што живеат под пазувите.

ЗАПОМНЕТЕ!!!
Не создавајте навика да позајмувате шминки од пријателките, она без кое не можете носете го во несесер.

Објаснете и на пријателката дека не се сомневате дека води хигиена, но кожата не е стерилен орган, а бактериите се пренесуваат побрзо отколку што мислите. Ако сепак се одлучите некому да позајмите сјај, не заборавајте четката од сјајот да ја избришете со хартиено шамиче; четките и сунѓерчињата за пудра можете да ги исперете со вода; ролонот избришете го со шамиче; маскарата подарете и ја.

ШМИНКА ШТО СМЕЕТЕ ДА ЈА ДЕЛИТЕ!!!

Шминка што може да ја позајмувате е руменилото (се додека го нанесува со сопствена четка), моливче за очи, сенка и пудра. Овие производи имаат густа структура и лесно можете да го отстраните првиот слој. Кај ружот и сенките тоа сторете го со шамиче, а моливчињата задолжително наострете ги.



 
Unique-avgust
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Прифатете ги денешните предизвици со храбри нови идеи, знаете дека го имате она што е потребно и најмалку еден клучен играч сака да ве чуе. Говорете!  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Ова не е најдоброто време за да влегувате во нешто многу сериозно, особено ако вклучува документација и потписи. Одложете барем за еден ден и разговарајте за деталите.

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Вашиот интелект е во фокусот денес и ќе можете да се справите со сите тестови и предизвици на патот. Не срамете се, отворено кажете им на другите да ве слушаат.

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Обидете се да се релаксирате, дури и кога работите стануваат густи. Ќе откриете дека енергијата ви е подобро потрошена на смирени проекти, отколку на стресни ситуации.

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Треба да ја запишете денешната инспирација веднаш штом ќе ви дојде бидејќи сигурно ќе има некои пречки кои ќе следат. Искористете што имате при рака за да ги снимите вашите мисли.

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Треба да бидете повнимателни денес, особено во односот со најблиските. Тие не се против вас, но може погрешно да ги разберете.

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Треба да се поврзете со многу луѓе денес, а со тоа и многу проблеми. Одличната социјална енергија ќе ве одржи на вистинскиот пат, а ќе ги насочи и останатите.

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Во искушение сте да направите нешто ризично, но треба да се справите со импулсот и наместо тоа реално да ги разгледате условите за живот. Потрошете ја енергијата на проекти кои не бараат многу внимание.

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Комплетно сте зафатени и концентрирани, па и подготвени за се што ќе ви дојде на патот. Навистина е добро време да истапите и да им кажете на луѓето дека сте тука за нив.

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Се чувствувате многу подобро во врска со проблемот кој ве мачи со недели или дури и подолго. Всушност, оваа нова јасност на мислите ќе се префрли и на другите ваши проблеми, па добро погледајте!

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Ја чувствувате жештината на еден или друг начин, но тоа е добро! Вашиот љубовен живот ќе биде навистина исполнет, а некој ќе гледа на вас со ширум отворени очи.

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Поезијата ве мами денес, а метафорите во комуникацијата ќе ви бидат најдобрите алатки. Тоа може да значи дека некои не ве сфаќаат, но тоа е нивна загуба, не ваша.

04-02-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Снегот ме прави...