
Пудрата нанесувајте ја од средината на лицето кон краевите...особено внимавајте на прелазите од лицето кон вратот.
ЕДНО И ЕДИНСТВЕНО ПРАВИЛО: шминката мора да изгледа природно!
ЗА ПРЕКУ ДЕН:
1 нанесете ја подлогата - почнете со лесен дневен крем. Почекајте неколку минути за убаво да се впие во кожата, а потоа со прсти нанесете неопходно количество течна пудра на средина на лицето (околу носот, ба брадата и околу очите). Убаво размачкајте ја за пигментите од пудрата совршено да се спојат со кожата.
2 покријте ги темните кругови - коректорот најдобро ќе ги покрие темните подочници и темните делови на брадата и носот. Изберете боја што е две нијанси посветла од вашиот природен тен. Но, ако на лицето имате црвени флеки или акни, тогаш користете коректор со иста боја како тенот. Тријте го нежно во кожата додека потполно не се стопи.
3 нежно фиксирајте - малку транспарентна пудра во прав е доволно за тенот да добие мат боја.
ЗА НАВЕЧЕР:
1 освежете го тенот - на веќе исчистената кожа, нанесете благ лосион за да овозможите дополнителна влажност. Масирајте го лосионот од средината на лицето кон краевите на главата. Ќе добиете свеж изглед бидејќи лосионот ќе ги отстрани закоравените нечистотии и вишокот маснотија околу носот.
2 нанесете пудра - доколку планирате да излегувате некаде во гужва (диско) можете да си дозволите поголемо количество пудра. Вештачкото светло не е толку агресивно како природната дневна светлина. Но, внимавајте пудрата да има иста боја како тенот, а може и една нијанса потемна. Користете прсти, сунѓерче, четка...како вам ви е полесно. Пудрата нанесувајте ја од средината на лицето кон краевите...особено внимавајте на прелазите од лицето кон вратот.
3 прекријте ги недостатоците - акните, флеките и сето она што сакате да го покриете, ќе успеете доколку изберете соодветен коректор со нијанса блиска до природниот тен. Со прстите тапкајте го на кожата...благодарение на телесната топлина од прстите, пигментите од коректорот лесно ќе се спојат со оние од пудрата.
4 замаскирајте ги подочниците - за покривање на подочниците и капиларите околу очите, користете коректор со жолтеникав пигмент (ваквата боја е оптички неутрална). Задолжително проверете дали во брчките се наталожило премногу коректор...вишокот одземете го со сунѓерче.
5 фиксирајте ја шминката - за да ја фиксирате шминката користете пудра во прав. Употребете памучно сунѓерче, попрскајте го со минерална вода и земете од пудрата. Со нежни движења нанесете го на лицето.


















































